Кралот Чарлс за нападот со нож во возот во Англија: Згрозен сум и шокиран
Кралот Чарлс III денес изјави дека е „шокиран“ од нападот со нож во воз во источна Англија, во кој беа повредени најмалку десет лица. „Мојата сопруга (кралицата Камила) и јас сме апсолутно згрозени и шокирани од овој ужасен напад со нож. Длабоко сочувствуваме со сите погодени и нивните најблиски“, рече кралот во соопштение на социјалните мрежи. Британската полиција денес соопшти …
Continue Reading
Утре променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла
Времето утре, променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, …
Continue Reading
27,19 проценти е излезноста на граѓаните до 15 часот во вториот круг од локалните избори, според ДИК
Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија. Според комисијата, излезноста за Град Скопје до 15 часот изнесува 29,94%. Најголема излезност е забележана во Општина Карпош со 32, 40% и Општина Центар со 31,65%, најмала излезност за градот Скопје има во Општина Сарај 6% и во …
Continue Reading
Сибиха: Ќе ја принудиме Русија да ја заврши војната
Далекусежните способности на Украина се клучен фактор што ќе ја принуди Русија да ја заврши војната, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Колку подалеку можеме да стигнеме, толку пократка ќе биде војната. Далекусежните способности на Украина брзо се зајакнуваат. Бројот на успешни напади врз легитимни воени цели во Русија расте секоја недела“, напиша тој на платформата X. …
Continue Reading
(Видео) Интер со авто-гол во 94-та минута победи во Верона
Фудбалерите на Интер со многу среќа успеаја да победа во Верона, во 10-то коло, во Серија А. На „Бентегоди“, Интер победи со авто-гол во 94-та минута од натпреварот. Интер ја забележа својата седма победа и се израмни на табелата со Рома на второто место со 21 бод, додека Верона сè уште е без победа, а по петтиот пораз се наоѓа …
Continue Reading
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски кој почина во затворот во Штип
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал. Лекар констатирал смрт без траги …
Continue Reading
Петмина планинари загинаа во лавина во Италија
Петмина германски планинари загинаа во лавина во регионот Трентино-Јужен Тирол во северна Италија, објави порталот Алто Адиџе, повикувајќи се на локалната служба за планинско спасување. Според првичните информации, две групи ентузијасти за екстремни спортови се нашле вчера во планините Ортлс кога била предизвикана огромна лавина. Службите за итни случаи веднаш започнале спасувачка операција. Во текот на саботата, 1 ноември, спасувачките …
Continue Reading
Патник со телото заштитил девојка од напаѓачот во возот во Англија: тој е сериозно повреден
Градоначалникот на Кембриџшир и Питерборо, Пол Бристоу, изјави за „Скај њуз“ дека „вонредни акти на храброст“ се случиле за време на масовниот напад со нож во воз во Англија синоќа. Според Бристоу, еден од патниците станал херој откако се обидел да заштити млада девојка од напаѓачот кој ги напаѓал патниците со своето тело. „Слушнавме дека еден човек се поставил меѓу …
Continue Reading
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново. Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал. По наредба на јавен обвинител од Основното …
Continue Reading