Мицкоски: Швајцарија е меѓу најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Швајцарија е еден од најзначајните партнери на Македонија во развојната соработка, по денешната средба со претседателот на Швајцарската конфедерација во Скопје. Мицкоски рече дека имале „прекрасна работна средба“ и работен ручек со високата швајцарска делегација, на кој присуствувале и претставници на македонската Влада и бизнис-заедницата. „Разговаравме за сите можности, за предизвиците, но и за сето …

Continue Reading

Зајкова: За граѓаните сме тука, не за фотелји – дигитално гласање наместо техничка влада

Сите се сеќаваме на времето на ‘заробената држава’, кога институциите беа партиски штабови, кога се издаваат лажни лични карти и кога се одеше дотаму што сопствените граѓани ‘за рачиња’ беа носени на гласање под наредба. Тогаш, техничката влада беше неопходна хируршка операција за да се спаси демократијата, која никогаш не е слепо гарантирана. Но, почитувани, денес е 2026 година. Ако …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Во 2018 година Мицкоски бараше техничката влада да остане до членство на ЕУ

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, реагираше на предлог-законот за укинување на техничката влада, посочувајќи дека процесот се води без соодветни консултации и спротивно на претходни договори меѓу политичките партии. Таа посочи дека техничката влада е воспоставена во 2016 година, преку инклузивен политички процес и со поддршка од меѓународни партнери, а во 2018 година, на барање на тогашната опозиција, бил постигнат …

Continue Reading

Мерц се обидува да ги смири тензиите со Трамп: „Сè уште сме во добри односи“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека односите со американскиот претседател Доналд Трамп остануваат добри и покрај јавната расправија околу војната со Иран, пренесува Политико. „Мојот личен однос со американскиот претседател останува добар како и секогаш. И понатаму сме во добри односи“, рече Мерц. Неговата изјава следува откако Трамп јавно го нападна, тврдејќи дека германскиот канцелар „не знае за што зборува“ …

Continue Reading

Украина бара од Израел да заплени брод со украдено жито од окупираните територии

Украина побара од Израел да заплени брод што, според Киев, превезува жито украдено од украински територии под руска окупација, пренесе Ројтерс. Украинскиот главен обвинител Руслан Кравченко соопшти дека бродот „Панормитис“ плови кон израелското пристаниште Хаифа со товар од кој дел, како што тврди, бил натоварен во окупираните украински региони. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека барањето за …

Continue Reading

Фокус на менталното здравје: дебата за улогата на социјалните мрежи кај младите

Клубот за младински прашања одржа јавна расправа на тема: „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“ На настанот свои воведни обраќања имаа Драгана Бојковска, пратеничка и претседателка на Клубот за младински прашања и политики; Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; Ѓоко Велковски, заменик-министер …

Continue Reading

СДСМ: Левица не претставува опасност за никого, останува партија за вечна опозиција

СДСМ соопшти дека не се чувствува загрозена од Левица, оценувајќи дека партијата не претставува опасност ниту за нив, ниту за кој било друг политички субјект. Од партијата посочуваат дека во држава во која 77 отсто од граѓаните се за Европската Унија и 72 отсто го поддржуваат НАТО, анти-ЕУ, анти-НАТО и проруски ориентирана партија не може да биде закана за СДСМ. …

Continue Reading

Лажни дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје

Полицијата денеска примила дојава дека се поставени бомби во повеќе училишта во Скопје. Денеска, на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. „Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Да се концентрираме на реформските предизвици и да не ја губиме енергијата на ирационални прашања

Она што го бараме е да бидеме третирани како другите, она што го бараме е да се концентрираме на реформските предизвици и да не ја губиме енергијата на ирационални прашања, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес – конференција со швајцарскиот претседател, Ги Пармелан. Сиљановска-Давкова кажа дека Пармелан е прв швајцарски претседател кој е во официјална посета на Македонија. „Зошто …

Continue Reading