Приведен дилер од Тетово за издржување казна затвор од 15 месеци

Вчера во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа 47-годишниот И.Џ. од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од 15 месеци за сторено на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. …

Continue Reading

(Видео) 90-годишен возач пробил бетонски ѕид со спортски автомобил во Германија и чудесно преживеал

90-годишен возач вчера се извлекол неповреден откако со својот спортски автомобил удрил во бетонски ѕид во градска гаража во германскиот град Лудвигсбург и се заглавил над вентилациското окно, соопшти полицијата. Задниот дел од неговото „Порше Карера ГТС“ се удрил во ѕидот и го пробил, оставајќи го возилото да виси околу пет метри над окното.   View this post on Instagram …

Continue Reading

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата се одржа на 21 октомври 2025 година и на неа присуствуваа Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, искажа голема почит кон Собранието, според него една од најзначајните …

Continue Reading

Разговор со Хана Корнети во Градската библиотека во Скопје

На 5 ноември (среда) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи разговор со писателка Хана Корнети, чија збирка разкази „Каде леташ, Јулија?“ е книга на месецот и дел од 4.циклус на големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со авторката, книгата на месецот и клубот на читатели се трите препознатливи активности на големата кампања …

Continue Reading

Планинарскиот клуб „Љуботен“ го прославува стотиот роденден со документарен филм за вековното постоење

Сто години истрајност, љубов кон планината и заедништво – сега преточени во филм. Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој првпат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво. Документарецот го следи развојот на клубот од неговото основање во 1925 година, преку изградбата на …

Continue Reading

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода 37-годишниот Б.А. и 26-годишниот О.Ј., двајцата од село Требош, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува Б.А., пронајдени …

Continue Reading

Бидете искрени со себе: ако ги забележите овие четири знака, време е да раскинете

Раскинувањето никогаш не е лесна одлука. Честопати постои сомнеж и внатрешна борба помеѓу љубовта и реалноста на секојдневниот живот. Сепак, постојат јасни знаци кои укажуваат дека врската не е здрава или одржлива. Важно е да ги препознаете овие знаци на време за да можете да бидете и поздрави и посреќни. Затоа советничката за врски Елизабет Стоун истакна неколку знаци дека …

Continue Reading

Ликовна изложба „Плацебо“ на Иван Аџиевски во Јадро

На 12.11.2025 година во 19 и 30 часот во просторот на КСП Центар – Јадро ќе се отвори изложбата „Плацебо“ на авторот Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот …

Continue Reading

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години. Тој најави дека, во месец ноември ќе се одржат буџетските форуми кадешто граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината. „Буџетските форуми поминаа искрено одлично со голема …

Continue Reading