(Видео) Марк Закерберг повторно е хит на интернет, овојпат поради начинот на кој пие пиво

Марк Закерберг повторно стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, овојпат поради начинот на кој пие пиво. Снимка на која првиот човек на „Мета“ пробува „Гинис“ предизвика лавина коментари, а многумина се пошегуваа дека Закерберг сè уште учи како да се однесува како човек. Снимката е направена за време на неговото гостување во технолошкиот подкаст „Cheeky Pint“, чиј водител е …

Continue Reading

(Видео) Трамп го прашаа како Русија и Украина се согласиле на примирје: „Затоа што јас така реков“

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура затоа што тој им кажал да го сторат тоа. Изјавата ја даде вчера пред новинарите пред Белата куќа, иако ниту Москва ниту Киев не потврдија дека е постигнат таков договор. Еден од новинарите го праша како може да тврди дека двете …

Continue Reading

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ). Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства …

Continue Reading
Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Случајот со Михајлова е мешање во правниот систем на Македонија

Во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков. На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен …

Continue Reading

Јотова: Ескалацијата на војната го претвора Црното Море во воена зона

Бугарија остро ги осудува нападите врз два трговски брода во Црното Море и инсистира на брза истрага за инцидентите, дипломатска деескалација и спроведување на препораките на Консултативниот совет за национална безбедност. Ова се наведува во ставот изнесен од претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, по нападите врз бродовите „CHELSEA 3“ и „HS Dignity“ во близина на бугарскиот брег. „Бугарија остро ги …

Continue Reading

Скопјанец ја нападнал сопругата со која се разведува, полицијата го уапси

Дваесет и петгодишен скопјанец е уапсен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи. Нападот бил пријавен во дом на подрачјето на Гази Баба, по што полициските службеници презеле мерки и го привеле осомничениот А.А. (25). Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен …

Continue Reading

Стивен Џерард: Сакам Манчестер Сити да страда

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, побара строги санкции против Манчестер Сити откако независната комисија го прогласи клубпт за виновен, поради наводни финансиски неправилности помеѓу 2009 и 2018 година. Легендарниот „Стиви Џи“ изјави дека казната мора да биде доволно строга за да служи како пример за во иднина. Премиер лигата ги обвинува „граѓаните“ за кршење на финансиските правила, а конечната одлука …

Continue Reading

Девојка од Дебар тврдела дека ѝ украле накит вреден илјадници евра, сега се соочува со кривична пријава

Дваесет и четиригодишна девојка од Дебар заработи кривична пријава откако, според полицијата, лажно пријавила кражба на златен накит и други предмети во вредност од околу 3.000 евра од нејзиниот дом. Како што информираат од МВР, на 15 септември годинава, Е.К. (24) пријавила во полицијата во Дебар дека непознато лице влегло во нејзината куќа и одзело накит и други вредни предмети. …

Continue Reading

Опожарено возило на Државна лотарија во Скопје, полицијата го истражува случајот

Патничко возило во сопственост на Државна лотарија на Македонија било опожарено во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен денеска (13 октомври) во 2:12 часот во СВР Скопје од страна на 42-годишен скопјанец со иницијали А.М. Станува збор за автомобил од марката „бејџинг бејч“, со скопски регистарски ознаки, кој бил опожарен на улицата „Крсте Асенов“. …

Continue Reading