Стефано Пиоли доби отказ
Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А. Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата. Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати …
Continue Reading
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз неговата малолетна поќерка
Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка. Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Затвореник од Идризово подигнувал кредити со туѓи податоци
СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични …
Continue Reading
Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска во рамки на Есенски музички свечености 2025
Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ утре, 05.11.2025г. (среда) ќе се одржи мултимедијален концерт „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културен информативен центар). Учествуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Сандра Крстевска – виолина, Љубица Бошкоска – …
Continue Reading
Пронајдени стаклени топки создадени од удар на метеорит пред 11 милиони години
Истражувачите пронајдоа необични стаклени топки во пустините на Австралија кои се доказ за удар од метеорит од пред 11 милиони години, објавува денес „Science alert“. Како што покажа анализата на топките пронајдени во Јужна Австралија, тие имаат уникатен состав, создаден со топење на метеорити при удар, кој не е пронајден никаде на друго место во светот. Истражувачите посочуваат дека овие …
Continue Reading
Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу
Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе го имавме резултатот што сега го имаме на локалните избори. Вака актуелниот министер за здравство од коалицијата „Вреди“ гледа на изборните резултати, а на прашањето дали ќе остане министер одговара дека секој ден работи како да не му е грижа …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на политиките на Филипче и Заев
Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи имаме …
Continue Reading
Белата куќа објави фотографии од Шји Џјинпинг коишто кинеските медиуми ги кријат
Кинескиот претседател Шји Џјингпинг ретко се појавува во јавноста насмеан, а државните медиуми внимателно го градат неговиот имиџ како исклучително сериозен и строг лидер со години. Сепак, фотографиите што неодамна ги објави Белата куќа откриваат сосема поинакво лице на кинескиот претседател, лице кое кинеските граѓани немаат можност да го видат. Тие се направени за време на самитот на Азиско-пацифичката економска …
Continue Reading
Промовирана „Одблесоци на сонот“ – книга во која младешкиот збор станува литературна реалност
На 3 ноември 2025 година, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, се одржа промоција на „Одблесоци на сонот“, збирка што ги обединува наградените книжевни творби од ученици во гевгелиските основните и средното училиште, како и дела создадени во рамки на Работилниците за креативно пишување, реализирани во периодот од 2022 до 2024 година. Во збирката се застапени вкупно 36 …
Continue Reading