Утре променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во …

Continue Reading

Ученици и наставници од Скопје и Таранто во посета на Собранието

Ученици и наставници од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје и „Principessa Maria Pia“ од Таранто, Италија, денеска го посетија Собранието на Република Северна Македонија, каде што остварија средба со пратенички од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на пратенички. Средбата се реализираше во рамките на соработката меѓу двете училишта преку Еразмус+ програмата, како дел …

Continue Reading

ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025

Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема. Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва што го креираше и лансираше системот за предрезервации на уреди. Со најавата на Владата …

Continue Reading

7 ноември: Свечено откривање на спомен-обележјето на Илија Џаџев

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и одбележувањето на Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, ќе се одржи свечено откривање на спомен-обележјето на Илија Џаџев, истакнат гевгелиски музичар, автор и долгогодишен професор по географија, кој оставил длабока трага во културниот и образовниот живот на градот. Џаџев со својата љубов кон музиката преку …

Continue Reading

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор е виновникот заради чие предавство и прифаќање на штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонија ќе продолжи со реформите без разлика на диоптријата која …

Continue Reading

Додик: БиХ е завршена приказна, нека оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, денес повторно се послужи со националистичка реторика и закани за отцепување на Република Српска од БиХ, а причина за тоа беше одлуката на Уставниот суд на БиХ да ја отфрли неговата жалба против пресудата со која беше осуден на една година затвор и за која го изгуби мандатот. „Јасно е дека Уставниот суд …

Continue Reading

Народната банка го задржува внимателниот пристап − каматните стапки остануваат непроменети

Вчера се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за состојбите во домашната и светската економија, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Најновиот Квартален извештај …

Continue Reading

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција …

Continue Reading

Гаши: Ромскиот јазик е дел од културниот мозаик што го збогатува нашиот општествен идентитет

Ромскиот јазик е дел од културниот мозаик што го збогатува нашиот општествен идентитет. Затоа, заштитата и развојот на Ромскиот јазик значи заштита на меморијата, достоинството и динамиката на една заедница која дала многу на нашето општество, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на владината седница посветена на Светскиот ден на Ромскиот јазик. Тој додаде дека ссвен институционалната одговорност, имаме и …

Continue Reading