Мурињо замина од Истанбул, но во хотелот оставил долг од 750.000 евра
Престојот на Жозе Мурињо во Фенербахче, кој заврши со негово отпуштање во август, доби нов, финансиски тежок епилог. Португалскиот тренер наводно го оставил поранешниот клуб со неплатена хотелска сметка во износ од 747 илјади евра, објави турскиот весник „Јеничаг Газетеси“, како што објави португалскиот „Record.pt“. Мурињо помина 16 месеци на клупата на турскиот гигант, а речиси целиот тој период, поточно …
Continue Reading
Социо-еколошки форум Скопје: Јавниот простор мора да се уредува според потребите на граѓаните
Вчера, во Скопје се одржа петтиот Социо-еколошки форум во организација на Фондација Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија. Форумот, почна со едукативна прошетка низ централното градско подрачје, каде што преку приказни, набљудување и заеднички дискусии се истражуваше јавниот простор. Преку оваа активност, граѓаните го искажуваа своето размислување. Тие велат дека сакаат простор што подеднакво …
Continue Reading
Столтенберг: „Војната во Украина можеше да се избегне“
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, откри дека руската инвазија на Украина можеше да се спречи, но дека поддршката на Алијансата дојде како „премногу мала, предоцна“. Зборувајќи во интервју за РСЕ/РЛ на 7 ноември, тој, исто така, вели дека за време на неговиот мандат се плашел дека НАТО може да се распадне. Столтенберг се присети на напнатиот телефонски повик …
Continue Reading
Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување
Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека „мешетари“ во СДСМ и дека има улога во можни промени во партијата. Во објава на Фејсбук, Пендаровски напиша дека никогаш не се занимавал со политичко мешетарење, како што, според него, тоа го прават други чии кариери се „исполнети со заткулисни маневри и кафеанско озборување“. „Поголем проблем е што изјавата …
Continue Reading
„Граѓаните“ ја прекина неверојатната низа на Ливерпул
Пеп Гвардиола го победи Ливерпул со 3:0 во својот 1000-ти натпревар во како тренер и во исто време ја прекина одличната серија на тимот од Енфилд. Актуелните англиски шампиони постигнаа голови во 44 последователни натпревари од Премиер лигата. Подобра серија од нив имаше само Арсенал од сезоната 2001/02, кој успеа во 55 натпревари да постигне најмалку еден гол. Интересно е …
Continue Reading
Каиро и Москва го продлабочуваат партнерството: нови чекори во нуклеарниот и индустрискиот сектор
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси ја нагласи вредноста на односите на неговата земја со Русија за време на средбата со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, во Каиро, соопшти египетската претседателска канцеларија. За време на разговорот, како што е наведено, Сиси му пренесе поздрави на рускиот претседател Владимир Путин и ја нагласи важноста од подобрување на билатералните …
Continue Reading
Бугарија ја зголемува безбедноста во рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас пред преземањето
Бугарија ја зајакнува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и системот за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на нејзина територија, пред планираното преземање на фабриката, објави денес бугарската влада. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) денес влезе во канцелариите на компанијата „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и започна со инспекции, објави Бугарското национално …
Continue Reading
(Видео) Вучиќ ѝ се јавил на Дијана Хрка за да ја замоли да го прекине штрајкот со глад, таа вели дека не се чувствува добро
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово лично им се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад во Собранието. „Разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени …
Continue Reading
Размена на тела во Газа: Израел предаде 15 Палестинци
Министерството за здравство на Газа денес објави дека нивни претставници ги примиле телата на 15 Палестинци од Израел, со посредство на Црвениот крст. Со последното предавање на тела, од почетокот на прекинот на огнот во Газа, Израел предаде 315 тела на Палестинци, пренесува АП. Израел ги врати телата на Палестинците откако еден ден претходно палестинското милитантно движење Хамас го врати …
Continue Reading