Отказ доби човекот што го размени Лука Дончиќ

Нико Херисон повеќе не е генерален менаџер на Далас Маверикс. Дека Херисон ќе добие отказ, вчера најави добро информираниот новинар Марк Штајн. Навивачите на Далас се израдуваа на оваа информација, Херисон е човекот кој решида го размени Лука Дончиќ. Во февруари 2025 година, шокантни информации се проширија низ целиот свет, Далас Маверикс го разменија Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс …

Continue Reading

Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство. „Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните …

Continue Reading

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што …

Continue Reading

„Арабеска“ – новата стихозбирка на Милчо Мисоски како современ повик кон убавината и добрината

Со длабока уметничка посветеност и богат духовен набој, збирката „Арабеска“ од Милчо Мисоски го остварува она што многу ретко се случува – преку поетската форма, авторот не само што се враќа кон античките симболи на убавината и добрината, туку ги поставува како основа за визија на подобар свет. Во овој книжевен труд, идеалот за естетско и етичко, во сите нивни …

Continue Reading

(Видео) Русите: Презедовме целосна контрола врз источниот дел на Купјанск

Руските сили презедоа целосна контрола врз источниот дел од градот Купјанск во Харковската област и активно напредуваат во Покровск во Донецката област, објави денес руското Министерство за одбрана. Министерството, исто така, објави дека неговите трупи ја окупирале населбата Новоупенивске во југоисточниот Запорожски регион. Москва тврди дека освојувањето на Покровск, наречен „портата кон Донецк“, би создало платформа за понатамошен напредок кон …

Continue Reading

Турски обвинител бара 2.000 години затвор за најголемиот противник на Ердоган

Турскиот обвинител побара 2.000 години затвор за градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу — главниот политички противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Според обвинението во кое имал увид „Ројтерс“, Имамоглу се товари за создавање криминална организација, поткуп, измама и местење јавни набавки. Главниот истанбулски обвинител Акин Ѓурлек соопшти дека случајот опфаќа 402 осомничени и дека државата претрпела штета од 160 милијарди …

Continue Reading

Кина ги обвинува САД дека украле 13 милијарди долари во биткоини

Кина ја обвини американската влада дека хакирала биткоин-новчаници и украла криптовалути вредни 13 милијарди долари. Локална безбедносна фирма тврди дека нападот бил државно организиран, но според анализата на CryptoSlate и документите на американското Министерство за правда, станува збор за искористување безбедносна ранливост во софтвер, а не за државен хакерски напад. Во декември 2020 година од новчаници поврзани со кинескиот рударски базен …

Continue Reading

Мерц обвинет за пренасочување на парите за одбрана, за финансирање на поголем социјален буџет

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со обвинувања од економските институти и централната банка дека пренасочува милијарди евра од новиот државен долг, наменет за инвестиции во одбраната и инфраструктурата, за финансирање на поголем социјален буџет и тековни расходи, што, според нив, ризикува „поткопување на конкурентноста на Германија“ наместо да го стимулира растот на БДП. „Бундесбанк“ и два економски институти предупредија …

Continue Reading

Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

Continue Reading