Трамп со писмо до израелскиот претседател бара помилување на Нетанјаху

Израелскиот претседател, Исак Херцог, доби писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое го повикува да размисли за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денес неговиот кабинет. Нетанјаху се соочува со три одделни судења за корупција веќе неколку години, а Трамп постојано бара негово помилување. „Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој …

Continue Reading

Милевски: Против Летонија имаме шанса да ја видиме и пошироката слика

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто. „Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред …

Continue Reading

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“. Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, …

Continue Reading

Тужба против „Гугл“: Дали Gemini следи сè што пишувате во Gmail и Chat?

„Гугл“ се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција Gemini за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на Gmail, Chat и Meet. Во колективната тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија се тврди дека технолошкиот гигант тајно ја активирал алатката за сите корисници во октомври, давајќи му пристап до приватни …

Continue Reading

„Варвари“ на Горки за првпат на македонската сцена: премиера во МНТ во режија на Владимир Милчин

Македонскиот народен театар ја најавува премиерата на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин. Премиерата ќе се одржи на 13 ноември, а следната изведба е закажана за 14 ноември 2025 година. Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо …

Continue Reading

Откако ослабе, Ејми Шумер ги избриша сите стари фотографии од Инстаграм

Ејми Шумер одлучи да започне одново на Инстаграм. 44-годишната комичарка и актерка ги изненади своите следбеници со бришење на сите претходни објави од својот профил, оставајќи само една нова фотографија на која позира во црвен фустан. Таа го објасни својот потег едноставно, велејќи дека „нема причина за тоа“. На новата фотографија, ѕвездата од „Trainwreck“ носи црвен мини фустан од Валентино …

Continue Reading

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почеток на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 %

До крајот на месецов или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата кои се во нејзина надлежност. Барањата на компаниите се веќе доставени до РКЕ. „Компаниите ги доставија барањата уште во текот на октомври. МЕПСО побара некое минимално зголемување од 0,67% за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не ни побара …

Continue Reading

Актерката која регрутираше жени во култ сега учи како да спасува луѓе

Актерката Алисон Мек, најпозната по улогата во серијата „Смолвил“, по излегувањето од затвор се обидува да изгради нов живот и кариера. Таа беше уапсена во 2018 година поради учество во сектата „НХИВМ“, која се претставувала како организација за самопомош, а всушност служела за сексуално искористување на жени. Во 2021 година беше осудена на три години затвор, а пуштена е во …

Continue Reading

Посилен систем за поправедна заштита – нов проект за борба против корупцијата во здравството

Започнува имплементацијата на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ чија главна цел е градење транспарентен и одговорен здравствен систем кој одговара на потребите на сите граѓани, особено на жените и маргинализираните групи. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности – обуки на здравствените работници за зајакнување на нивната улога во …

Continue Reading