Познато е каде ќе се игра финалето на ЕУРО 2028

Европското првенство во фудбал, кое ќе го организираат Англија, Шкотска, Велс и Ирска во 2028 година, ќе започне со натпревар во Кардиф, додека финалето ќе се одржи на Вембли, според британските медиуми. Северна Ирска требаше да биде домаќин на следното ЕП, но се откажа од организацијата поради недостаток на финансиски средства. За разлика од претходните европски првенства, следното ќе биде …

Continue Reading

Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промили алкохол во крвта

Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и …

Continue Reading

Јавен конкурс за финансирање спортски програми, проекти и манифестации во општина Гевгелија за 2026 година

Со цел да се поттикне активно учество на граѓаните и развој на локалниот спорт, Општина Гевгелија објави Конкурс за финансиска поддршка на: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот во општина Гевгелија за 2026 година. Конкурсот има за цел развој на натпреварувачкиот и рекреативниот спорт, унапредување на училишниот спорт и поддршка на лица со попреченост, како и промоција …

Continue Reading

Реконструирана главната улица 21 во Расадник, обезбедени и нови паркинг места

Главната улица 21 во населеното место Расадник е целосно реконструирана. Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во активностите на терен, при што беше потврдено дека е обновена делница долга 450 метри и дека се обезбедени дополнителни паркинг места, со што е исполнето барањето на жителите од овој дел на општината. Од Општина Бутел информираат дека наскоро ќе започне реконструкција и …

Continue Reading

Истрага за странските „викенд-снајперисти“ во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за на лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. „викенд-снајперисти“ – странци кои за време на опсадата на Сараево биле платени да пукаат врз цивили. Како дел од постапката, италијанските обвинители побараа увид во сведочењето на американскиот пожарникар Џон Џордан од 2007 година, дадено пред Хашкиот трибунал. Џордан тогаш изјавил дека видел вооружени мажи кои „не личеле на локални жители“ …

Continue Reading

Oпштина Гевгелија објави Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2026 година

Општина Гевгелија ги повикува сите заинтересирани установи, здруженија, организации и поединци што делуваат во областа на културата да се пријават на Конкурсот за финансирање програми и проекти од интерес на Општина Гевгелија за 2025 година. Целта на Конкурсот е поттикнување и поддршка на културното творештво, зачувување и афирмација на културното наследство, развој на културниот живот и уметничкиот израз во сите …

Continue Reading

Трипуновски: Со пуштање на електронската испратница, почнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денес присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор. На настанот, министерот истакна дека IFIS системот претставува крај на застарените процеси базирани на хартија. „Ова означува значаен пресврт од застарени процеси базирани на хартија кон …

Continue Reading

Поради лојалност кон Заев, Филипче го доведе СДСМ до распад, рече Манасиевски и објави дека поранешен градоначалник одбил позиција во партијата

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека, според него, СДСМ се наоѓа во тотален распад поради лојалноста на Венко Филипче кон поранешниот премиер Зоран Заев, додека од партијата се дистанцираат поранешни функционери и членови. Манасиевски оцени дека Филипче во СДСМ гледа само корист, а не партија што треба да понуди програма, визија или стратегија за иднината …

Continue Reading

Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање на водач на албанска мрежа за трговија со дрога

Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога. Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и Обединетото Кралство учествуваа во операцијата. Координираната акција се фокусираше на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци. „Овие …

Continue Reading