Јамајка не успеа да го победи Курасао, па остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Јамајка, пласман на Мундијалот ќе се обиде да избори преку интерконтинеталниот бараж. Во последното коло, Јамајка на домашен терен против Курасао не успеа да ја обезбеди победа и пласман на СП. Натпреварот во Кингстон заврши без голови и му овозможи на Курасао да се пласира на Мундијалот наредното лето. И покрај тоа што Јамајка се уште има …

Continue Reading

Перински: Средбите со градоначалниците и советниците ми даваат јасна слика за потребите на општините

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината. На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни …

Continue Reading

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на 21 ноември на сцената на Националната опера и балет

На 21 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент …

Continue Reading

„Син ми многу сакаше кафе, напијте се”: мајка на загинато дете ги послужи новинарските екипи на паузата од судењето

На првата пуаза од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откога многумина бранители побараа одлагање на судењето и нова листа на докази бидејќи обвинителството ги спои постапките за дискотеката „Пулс“ и за агенцијата „Рубикон“, мајка на едно од загинатите деца пред објектот на судницата ги послужи кафе новинарските екипи и семејствата на загинатите. „Никаде не одиме без кафе, …

Continue Reading

Високо преработената храна ги загрозува сите главни органи

Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“. Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи …

Continue Reading

Британскиот парламентарен комитет: Не сме подготвени да се браниме од инвазија

Одборот за одбрана на Долниот дом на британскиот парламент заклучи дека лабуристичката влада многу бавно напредува во исполнувањето на своите обврски во областа на одбраната од обновени закани од Русија и Кина, објави денес британскиот „Телеграф“. Во извештајот на Комитетот се наведува дека Лондон не ги исполнува своите обврски од член 3 од договорот на НАТО за „одржување и развој …

Continue Reading

(Видео) Џака со жестоки свирежи пречекан Приштина

Фудбалската репрезентација на Швајцарија, во Приштина го потврди пласманот на Светското првенство, во натпревар кој што поскоро ќе сака да го заборави капитенот на тимот, Гранит Џака. Натпреварот од последното квалификациско коло меѓу Косово и Швајцарија заврши со резултат 1:1, што беше доволно за Швајцарците директно да се квалификуваат на Светското првенство. Пред почетокот на натпреварот, Гранит Џака доби громогласни …

Continue Reading

Муртезани: Климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда што денес се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. Во своето обраќање Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. Особено го истакна влијанието на климатските ризици врз ранливите …

Continue Reading

Кривична против инвеститорот и четири лица од општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен куќата – музеј Владо Малески

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од …

Continue Reading