Македонија би можела да одигра неважен и бесмислен пријателски натпревар

Ждрепката за дополнителните квалификации за Светското првенство во 2026 година, вчера се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих. Плејофот ќе се игра во март 2026 година, се игра по еден натпревар во полуфиналето и финалето, по што Европа ќе добие уште четири учесници на Светското првенство. Македонија во полуфиналето ќе и гостува на Данска на 26 март. Доколку ја …

Continue Reading

Јапонија одобри делумно рестартирање на најголемата нуклеарна централа во светот

Гувернерот на Ниигата, Хидео Ханазуми, одобри делумно рестартирање на нуклеарната централа Кашивазаки–Карива, најголемата во светот по капацитет, јави „Ројтерс“. Со тоа се отстранува последната голема пречка за ТЕПКО, кој планира повторно да ги активира реакторите 6 и 7. Ханазуми најави гласање за доверба во префектурното собрание и истакна дека остануваат прашања поврзани со безбедноста и со подготвеноста за инциденти. Двата …

Continue Reading

Европа за планот на Трамп за Украина: „Тоа е списокот на желби на Путин“

Европските претставници го отфрлија најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор што е во корист на Москва и предупредија дека попуштањето пред Русија само ќе го охрабри Владимир Путин да нападне и членка на НАТО, пишува „Политико“. Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас, му рече на тимот на Трамп дека нивниот нацрт-договор за …

Continue Reading

„Оваа генерација има светла иднина, Скопје е одбрано на светската мапа “ – Николоски на настанот на УМС

На денешниот настан организиран од страна на Унијата на млади сили и Меѓународната демократска унија, во изјава за медиуми потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека овој настан е еден од најголемите настани организирани од Унијата на млади сили предводена од Сергеј Попов, како резултат на посветеноста, развојот и работата на Унијата. „Би сакал да честитам, ова е најголемиот настан …

Continue Reading

(Видео) „Власта ги одби амандманите за прогласување на Кожуф и Огражден за заштитени подрачја“, велат од партијата Левица

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, ги образложи амандманите со кои пратеничката група повторно предложи да се издвојат по 200.000 евра во Буџетот за 2026 година за изработка на студии за валоризација на планините Кожуф и Огражден – како прв чекор кон нивно прогласување за национален парк, односно заштитено подрачје. И покрај образложението …

Continue Reading

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана: Одлична прилика за зајакнување на напорите за приближување кон ЕУ

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана, Албанија, присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“. „Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија“, вели Мицкоски. Тој додава дека нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како …

Continue Reading

Ажурирајте го Chrome веднаш: откриена е ранливост што хакерите веќе ја експлоатираат

Google издаде итно предупредување до сите корисници на својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека веќе се во тек хакерски напади што ја експлоатираат новооткриената безбедносна ранливост. Компанијата потврди во понеделникот: „Google е свесен дека постои експлоатација за CVE-2025-13223“. Ранливоста, откриена од сопствениот тим за анализа на закани на Google, бараше итен одговор и издавање ажурирање за сите корисници на …

Continue Reading

Гут Бехрами се повреди на тренинг, под знак прашалник е нејзината кариера

Лара Гут-Бехрами доживеала тежок пад за време на тренинг во Америка. Според „Блик“, 34-годишната Швајцарка има потрес на мозокот, а се сомнева дека се оштетени предните вкрстени лигаменти, како и менискусот. Попладнево ќе биде познат степенот на повредата, по деталните лекарски прегледи во Швајцарија. Се најавуваше дека девојката родена во Тичин, ќе ја заврши кариерата по олимписката 2026 година. Откако …

Continue Reading

Косово оди на нови избори по неуспехот да формира влада

Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори на 28 декември 2025 година, објави претседателката Вјоса Османи, откако пропаднаа обидите во Собранието да се обезбеди мнозинство за да бидат донесени бројни клучни акти, меѓу кои и буџетот за 2026 година. Османи го избрала подоцнежниот датум поради технички барања и очекувањата за поголем одѕив. Таа изрази жалење што граѓаните повторно одат на …

Continue Reading