Фон дер Лајен: Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина

Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека ги информирал претседателката на ЕК и претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, за американскиот план за прекин на руската инвазија на Украина. „Што се однесува до следните чекори, европските …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници. Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција. Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот …

Continue Reading

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи.   „Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува …

Continue Reading

Фетаи на свечена академија по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик, во чест на Конгресот на Битола и албанското културно наследство

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи присуствуваше на свечената академија организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Република Северна Македонија, по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик. За време на својот говор, го нагласи историското значење на Конгресот на Битола во 1908 година и неговата …

Continue Reading

Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина

Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде основа за конечно решавање на конфликтот во Украина, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин. „Новиот мировен план на Трамп би можел да биде основа за конечно решение во Украина“, рече Путин, пренесува РИА Новости. Тој истакна дека Русија е подготвена …

Continue Reading

Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството. На 19 ноември рано утрото, осомничениот управувал товарно возило „мерцедес“, сопственост на транспортна фирма …

Continue Reading

Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД за завршување на војната со Русија. „Имав многу рокови, но ако работите одат добро, обично роковите се продолжуваат. Но, сметаме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Како што објави …

Continue Reading

Припаѓате во ЕУ со полнo правo: Кос за земјите од Западен Балкан

Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од регионот имаат место во Европската Унија (ЕУ) како полноправни членки. Кос изјави денес во Тирана, на состанокот со лидерите на Зaпаден Балкан посветен на Планот за раст, дека денес безбедноста е една од најважните теми. „А Европа не може да …

Continue Reading

Поплави, лизгање на земјиште, проблеми во сообраќајот: обилните дождови предизвикаа проблеми во западна Грција

Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, како и материјална штета во западна Грција и на островот Крф, објавија денес грчките медиуми. Поради ситуацијата на Крф, регионалните власти побараа од државните власти да прогласат вонредна состојба во северниот дел од островот, објавува Катимерини. Како што е наведено, спортските настани закажани за викендот на Крф беа откажани поради …

Continue Reading