Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите што Москва ги смета за свои, заканувајќи се дека во спротивно неговата армија ќе ги земе со сила. Острата порака доаѓа додека руските сили полека, но сигурно напредуваат низ источна Украина во исцрпувачки битки против украинските сили. „Ако украинските сили …

Continue Reading

Првпат по 60 години, Русите не можат да испратат астронаути во вселената

Рампа на космодромот Бајконур во Казахстан беше оштетена за време на лансирањето на ракетата „Сојуз МС-28“ кон Меѓународната вселенска станица (МВС), објави синоќа руската вселенска агенција „Роскосмос“. И покрај инцидентот на земја, вселенското летало што превезуваше двајца руски космонаути и еден астронаут на НАСА безбедно се закотви со станицата, пишува „Киев Индепендент“. Инспекцијата по лансирањето откри дека мобилната кабина за …

Continue Reading

Големиот пожар во Хонг Конг изгаснат, загинаа 94 лица

Пожарникарите во голема мера го локализираа пожарот што го уништи станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг, а се очекува напорите за пребарување и спасување да бидат завршени. Најлошиот пожар во градот за речиси 80 години го опустоши пространиот станбен комплекс, при што загинаа најмалку 94 лица. Комплексот од осум облакодери, во кој беа сместени повеќе од 4.600 луѓе, …

Continue Reading

Почина младата гардистка застрелана кај Белата куќа, осомничен е Авганистанец кој работел со ЦИА

Сара Бекстром, една од двајцата припадници на Националната гарда застрелани во Вашингтон, почина, изјави синоќа американскиот претседател, Доналд Трамп. „Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од припадничките на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, величествена личност… Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас“, рече Трамп во своето прво обраќање во живо по пукањето. Две лица беа …

Continue Reading

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од Третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната објава дојде само неколку дена по смртоносното пукање во близина на Белата куќа во кое авганистански државјанин уби жена припадничка на Националната гарда. Трамп тврди дека целта на овој потег е да му се овозможи на американскиот имиграциски систем целосно …

Continue Reading

Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната …

Continue Reading

(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ

Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“. Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето. Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено …

Continue Reading

(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита

Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата. Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека …

Continue Reading

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат формулата дискутирана во Женева за воспоставување мир и обезбедување безбедносни гаранции за Киев. „Нашиот тим, заедно со претставници на САД, ќе се состане на крајот од оваа недела за да продолжи да ги приближува точките за кои се согласивме за …

Continue Reading