СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Декември е месец на посакување, полн со желби за исполнување – време кога празничните моменти нѐ зближуваат, кога малите гестови добиваат големо значење, а топлината ја чувствуваме во вниманието што си го подаруваме едни на други. Ова е период кога блискоста станува најубавата празнична приказна, затоа што среќата е најголема кога се споделува – и секогаш оди рака под рака …

Continue Reading

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПРСТЕНОТ-СИМБОЛ НА ЗАВЕТ, СТАТУС И МОЌ-ОД ЕТНОЛОШКАТА РИЗНИЦА НА ОХРИДСКИОТ МУЗЕЈ“

Вкупно 80 прстени кои датираат од различни периоди на минатото на Охридскиот регион се дел од поставката на изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ – од етнолошката ризница на охридскиот музеј“ која беше отворена денес во Куќата на Робевци. Изложбата е дел од Свечената програма на Општина Охрид за одбележување на патронот на градот-Свети Климент Охридски. Експонатите припаѓаат …

Continue Reading

(Видео) Вардар без пораз до есенската круна

Вардар по пауза од шест години ја освои есенската титула во домашниот шампионат. Првото место, црвено-црните го обезбедија со победата над Македонија ЃП. Веднаш зад Вардар, со бод помалку, есенскиот дел го заврши Струга Трим Лум. Фудбалерите на Вардар, по пресврт, славеа победа на гостувањето кај Македонија ЃП. Вардар победи со 2:1, со головите на Омерагиќ во 63-та и 66-та …

Continue Reading

Средба Фетаи–Лоутон: Продлабочување на партнерството меѓу Северна Македонија и САД

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави. На средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеењето на правото, институционалните реформи, …

Continue Reading

Љутков: Македонија мора да стане држава на приказни – културата, гастрономијата и историјата да бидат во срцето на туризмот

Македонија може да стане дестинација со силен културен идентитет, одржлив туризам и препознатлив национален бренд – ако ја стави културата во центарот на развојот, ако ја модернизира презентацијата на наследството и ако ги поврзе градовите во единствена туристичка мрежа. Ова го смета министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека државата мора да се претстави преку автентични приказни, …

Continue Reading

ФБИ ја обвинува администрацијата на Бајден дека „седела на докази“ за цевните бомби пред Капитол

Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Кеш Пател, ја обвини администрацијата на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, дека со години седел на докази во истрагата за поставените цевни бомби пред Капитол. Пател изјави за „Фокс њуз“ дека случајот стагнирал речиси пет години и покрај тоа што, според него, нема нови докази во последните години. Тој оцени дека …

Continue Reading

Песков: Ако целите не се постигнат мирно, руската операција во Украина ќе продолжи

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес предупреди дека ако Русија не успее мирно да ги постигне своите цели во Украина, специјалната воена операција ќе продолжи. „Ако не сме во можност мирно да го решиме проблемот и да ги постигнеме нашите цели, ќе продолжиме со нашата работа и ќе направиме сè што е потребно за да ги заштитиме нашите интереси. …

Continue Reading

Нов скандал во Лион: Фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра

Олимпик Лион повторно се поврзува со скандалозна афера. Како што објавија француските медиуми, станува збор за проневера, која се случила во периодот кога клубот го водеше Џон Текстор. Наводно, откриени се фиктивни трансфери вредни повеќе од 120 милиони евра. Во последните неколку дена, Олимпик Лион контактираше со неколку компании кои ги купија долговите на Ботафого, кој исто така е во …

Continue Reading

Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата. На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ). „Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста …

Continue Reading