Повеќе случаи на семејно насилство: син го нападнал татка си, жена сопругот со остар предмет

Полицијата регистрирала три случаи на семејно насилство и закани во Битола, Велес и Штип, при што три лица биле лишени од слобода. Во Битола, вчера во 20:35 часот, полициски службеници уапсиле 45-годишен маж со иницијали А.Х., бидејќи во семејниот дом физички го нападнал својот 74-годишен татко. Во Велес, пак, денеска во 2:20 часот по полноќ била уапсена 63-годишната М.Т., по …

Continue Reading

Гаши од Рим: Силните институции се клучни за почитување на меѓународното право

На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“. Во …

Continue Reading

Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалното шоу „Кардашијанс“ проговори за долгогодишните шпекулации за нејзината сексуалност, кои се појавија поради блиското пријателство со манекенката Кара Делевињ. Триесетгодишната Џенер откри дека со Делевињ се дружи веќе 11 или 12 години и дека таа ѝ била голема поддршка на почетокот на кариерата. „Мораме да го разјасниме ова. Луѓето мислат дека сум …

Continue Reading

Хоџа: Регулацијата на коритото на Сува Река се одвива забрзано, решаваме долгогодишен проблем во Сарај

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска изврши увид во работите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа регулација на околу 12 километри од речниот тек, од патот за Бојане, преку Глумово, до вливот во реката Треска. За помалку од три месеци од почетокот на работите, реализирани се 20% од проектот, за …

Continue Reading

Луј ван Гал го обвини Сити за отказот што го доби пред девет години

Поминаа девет години откако Луј ван Гал беше отпуштен од клупата на Манчестер Јунајтед. Се добива впечаток дека Холанѓанецот никогаш не успеал да ја прифати одлуката на клубот. Холанѓанецот го освои ФА Купот, а по само 24 часа беше отпуштен, бидејќи тимот не заврши меѓу првите четири во Премиер лигата. На крајот, гол-разликата одлучи, а Манчестер Сити го зазеде местото …

Continue Reading

Клековски: Терапијата за мултиплекс склероза поблиску до пациентите – модел и за онкологијата

Во Министерството за здравство денес се објавија протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза, заедно со директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип. „На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од кои околу 1.800 активно се …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната на државата, нагласувајќи дека оперативната подготвеност се темели врз знаење, дисциплина и способност за навремено и ефикасно дејствување. Осврнувајќи се на современите …

Continue Reading

Дали храната и суплементите што се рекламираат на интернет се безбедни? Дискусија во Кисела Вода

Денес во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, по повод Светскиот ден на храната, се одржа едукативна панел-дискусија на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхраната и храна за спортисти – вистинска приказна или заблуда?“. Настанот, кој на едно место ги собра претставниците од Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна …

Continue Reading

Американски генерал: НАТО е далеку помоќен од Русија, не верувам дека Путин ќе ја нападне Европа

Воените способности на НАТО значително ги надминуваат руските, изјави врховниот командант на силите на Алијансата, американскиот генерал Алексус Гринкевич, во интервју за германскиот неделник „Шпигел“, пренесува Хина. Гринкевич истакна дека воените капацитети што НАТО би ги употребил во случај на поголем конфликт се далеку помоќни од оние со кои располага Москва. Како пример наведе дека Русија нема современи борбени авиони …

Continue Reading