Кремљ: Не сме ги виделе новите американски предлози, можеби нема да ни се допаднат
Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва сè уште не ги видела ревидираните американски предлози по последните разговори со Украина, додавајќи дека е можно дел од нив да не ѝ се допаднат на Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев се усогласил околу клучни точки од планот за повоена обнова на Украина, по …
Continue Reading
Денешниот датум 12.12. е еден од најмоќните во годината – направете ги овие симболични чекори за да ве следи среќа
Датумот 12.12. во нумерологијата се смета за еден од посилните во годината поради повторувањето на бројките и нивната симболика. Според нумеролозите, овој ден е поврзан со засилена интуиција, промени и завршување на еден животен циклус. Бројот 12 симболизира транзиција – спој на индивидуалноста и иницијативата (1) со рамнотежата и партнерството (2). Нивниот збир дава број 3, кој се поврзува со …
Continue Reading
Гисин го повреди ‘рбетот, ги движи рацете и нозете по операцијата
Швајцарската скијачка Мишел Гисин доживеа тежок пад за време на тренингот во четврток, а еден ден подоцна информациите за повредите воопшто не се охрабрувачки. Двократната олимписка шампионка се здоби со сериозни повреди кога со полна брзина се удри во заштитна ограда за време на тренингот во Сант Мориц, пред да биде запрена од следната ограда. Прва помош ѝ беше укажана …
Continue Reading
(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца. Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја …
Continue Reading
(Фото) Повторно облече проѕирна кошула и покажа сè: „Вистинска бомба“
Пејачката Дуа Липа секогаш наоѓа начин да привлече внимание, главно на социјалните мрежи. Покрај своите вокални способности, таа може да се пофали и со беспрекорен стил, а атрактивните, малку провокативни изданија се нејзин заштитен знак. И се чини дека повторно играше на таа карта… View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Неодамна објави компилација од …
Continue Reading
Најдобриот спортист во Италија е тенисер, но не e Синер
На големо изненадување, Лоренцо Мусети беше прогласен за најдобар спортист на годината во Италија, во изборот на весникот „Газета дело спорт“. Сите очекуваа дека тоа ќе биде вториот тенисер во светот, Јаник Синер, кој освои две гренд слем титули оваа година, а сезоната ја заврши со трофеј на последниот Мастерс турнир во сезоната. „Лоренцо Мусети, кој годинава влезе меѓу првите …
Continue Reading
„Зелен хуман град“: Орце Ѓорѓиевски се прогласи за ненадлежен да го заштити Скопје од детонации
На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли Иницијативата на „Зелен хуман град“ за забрана на огномет на територија на градот велејќи дека Советот бил „ненадлежен“, најомиленото образложение на функционерите во Македонија, државата во која никој не е надлежен за ништо. Споредбата за наводната ненадлежност Ѓорѓиевски ја доведе до апсурд со изјавата дека тоа било …
Continue Reading
Патник на лет од Хонг Конг се обидел да ја отвори вратата од авионот, уапсен е
Полицијата во Хонг Конг соопшти дека уапсила патник на летот CX811 на „Катај Пацифик“ од Бостон до Хонг Конг, откако превозникот соопшти дека едно лице се обидело да ја отвори вратата на авионот за време на летот. Авиокомпанијата соопшти дека никој не е повреден и дека авионот безбедно слетал рано наутро во четврток. Инцидентот сега го решава градската полиција. „Нашиот …
Continue Reading
(Видео) Напад со дронови погоди една од најголемите руски рафинерии
Синоќешниот напад со беспилотни летала ја погоди руската рафинерија за нафта Славнефт-ЈАНОС во Јарослав, една од петте најголеми во земјата, по што избувна пожар во фабриката, објавија локалните власти и каналите на Телеграм, пишува „Киев Индепендент“. Жителите пријавија најмалку седум експлозии над градот, а кратко потоа имаше извештаи за пожар во рафинеријата Славнефт-ЈАНОС, која се наоѓа на повеќе од 700 …
Continue Reading