Ван Дајк: Не знам дали Салах ќе се врати во Ливерпул
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го коментираше моменталниот статус на Мохамед Салах. Египќанецот се врати во тимот на „Црвените“ откако не патуваше со тимот во Милано за натпреварот против Интер во Лигата на шампионите (1:0). Во саботниот натпревар против Брајтон, тој влезе во игра во првото полувреме и даде голем придонес, со асистенција во победата 2:0. Познато е дека …
Continue Reading
(Видео) Халанд го реши Палас, Роџерс блескаше против Вест Хем, Форест го декласира Тотенхем, „Црните мачки“ го добија локалното дерби
Четири натпревари од 16-то коло од Премиер лигата беа одиграни во истиот термин од 15 часот. Сити убедливо го доби малото дерби на „Селхерст Парк“ во Лондон благодарение на новиот гол на Ерлинг Холанд, висока победа забележа Форест против Тотенхем, „Црните мачки“ славеа во локалното дерби против Њукасл со автогол од најдобриот стрелец на гостите, а Вила направи голем пресврт …
Continue Reading
Словото како отпор и надеж: Достапна на јавноста поетската збирка „Сонување (Метармофози)“ од Жаклина Атанасова
Во рамките на културната програма „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 декември 2025 година, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, се одржа промоцијата на поетската збирка „Сонување (Метаморфози)“ од роднокрајната авторка Жаклина Атанасова. Настанот привлече бројна публика- љубители на поезијата, професори, ученици, културни работници и почитувачи на книжевното творештво од Гевгелија и пошироко. Промоцијата помина …
Continue Reading
(Видео) Елмас и Наполи паднаа во Удине, Верона ја продолжи агонијата на Фиорентина
Актуелниот шампион Наполи доживеа болен пораз во Удине и ја пропушти можноста да искачи на челната позиција во Серија А. Наполи загуби со 1:0 од Удинезе, а херој на црно-белиот тим е Холанѓанецот Екеленкамп, кој го постигна решавачкиот гол во 73-та минута. Домаќините имаа поништен гол во 52-тата минута кога Дејвис беше во офсајд. Наполи беше во подредена позиција на …
Continue Reading
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје. Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија …
Continue Reading
Приведен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, за примање поткуп од 50.000 евра за да влијае кај судија
Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода поранешниот државен правобранител Фехми Стафа поради сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Според МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, Стафа примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да искористи влијание кај судија во Апелациониот …
Continue Reading
Зеленски стигна во Берлин, ќе се сретне со американскиот преговарачки тим
Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин, каде што во текот на денот треба да се сретне со американскиот преговарачки тим за да разговара за предлогот за постигнување мир во Украина. – Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството со Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се случи. Сметаме …
Continue Reading
Речиси три четвртини од Европејците ја поддржуваат ЕУ, рекордна поддршка за еврото и за заедничка одбрана
Речиси три четвртини од граѓаните на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Унијата, покажува најновиот Евробарометар. Според податоците, 59% од Европејците се оптимисти за иднината на ЕУ, а 73% се чувствуваат како граѓани на Унијата. Довербата во институциите останува висока, при што 48% изјавиле дека им веруваат на европските институции. Анкетата покажува и рекордна …
Continue Reading
Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди е во опаѓање. „Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест период кога ќе се вметне …
Continue Reading