Кога каменот станува пејзаж: визуелниот свет на Иван Кал’чев претставен со изложбата „Суисеки“

Во време кога визуелната бучава станува секојдневие, а вниманието сè пократко, изложбата „Суисеки“ на гевгелискиот визуелен уметник, Иван Кал’чев, понуди поинаков вид визуелен спектакл- спектакл на форма, природна хармонија и концентрирано гледање. Камења обликувани од времето, внимателно поставени и оставени да „зборуваат“ без зборови, ја претворија Уметничката галерија „Амам“ во простор на силно визуелно и сетилно доживување. На 23 декември …

Continue Reading

Зеленски со божиќна порака до Украинците среде војната: „Вечерва сме заедно“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, среде војна од целосен обем, се заедно во одбраната на она што ги прави народ – домот, семејството, традицијата и надежта за мир. „Драги Украинци! Вечерва е многу посебна вечер – Бадник. Тоа е единствено време, исполнето со посебен …

Continue Reading

СДСМ обвини за политички прогон и дефокус со кривични пријави

Од СДСМ денеска обвинија дека поднесувањето кривични пријави претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што наведуваат, криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение до јавноста, од СДСМ посочуваат дека, според нив, секогаш кога владејачката партија е „фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или резолуции против слободата на говор“, се користат методи за одвлекување на вниманието преку лажни …

Continue Reading

Продолжуваат градежните активности на улицата „Љубљанска“, повторно се активира проектот за мостот во Карпош

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со продолжувањето на работите се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес …

Continue Reading

Град Скопје започнува со Градска стратегија за безбеден сообраќај

Во согласност со програмските определби во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градот Скопје започнува со активности околу подготовка на Градска стратегија за безбеден сообраќај. Според кабинетот на градоначалникот на Скопје, градската стратегија за безбеден сообраќај ќе ги инкорпорира насоките од проектот ВИЗИЈА 0 на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Оваа стратегија е клучна рамка за намалување на сообраќајните незгоди, со цел да …

Continue Reading

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски прашања. Новите министри доаѓаат на местата на Изет Меџити и претходно разрешениот Орхан Муртезани. Образложувајќи ги предлозите пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека изборот е направен со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата …

Continue Reading

Две обуки за инклузивен и училишен спорт се одржаа денеска во Кисела Вода

Денеска во Општина Кисела Вода се одржаа две значајни обуки насочени кон развој на инклузивниот и училишниот спорт на локално ниво. Првата обука, во рамки на проектот „Движење за сите: Како да создадеме инклузивна настава во училиштата“, беше наменета за наставниците по физичко образование од основните училишта. Наставниците преку соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје добија практични …

Continue Reading

Кога тишината и допирот зборуваат погласно од сликите: Премиера на „Толку е тивко“ на Театар Пи во Ѓорче

На 27 декември со почеток од 19:00 часот, во Центар за култура Ѓорче Петров, ќе се одржи премиерата на најновата театарска претстава „Толку е тивко“ на Театар Пи. „Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед во која светот се открива низ внатрешниот поглед на девојче што го изгубило видот. Наместо визуелни слики, просторот се гради од звуци, …

Continue Reading

Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе …

Continue Reading