Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од …
Continue Reading
Српскиот патријарх: Го губиме националниот идентитет, тоа е загрижувачко
Да ги надминуваме поделбите и да си подадеме рака еден на друг, порача поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј, во својата божиќна порака, оценувајќи дека „за внатрешните политички тензии и поделби во Србија сведочи целиот српски народ, каде и да се наоѓа“. „Внатрешните политички тензии доведоа до длабока поделба во општеството и недоверба меѓу луѓето, а разликите во …
Continue Reading
Со остар предмет се заканувал на мајка си и искршил дел од покуќнината: притвор за 43-годишник од Свети Николе
Вчера во 12:15 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе, лишија од слобода 43-годишник од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата мајка, дека во двор од семејниот дом, со остар предмет и упатил закани и искршил дел од покуќнината. Против лицето е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од страна на судија од Основен суд Свети Николе …
Continue Reading
Изгоре „пасат“ на граничниот премин „Ќафасан“: нема повредени
Вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар, извести СВР Охрид. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.
Continue Reading
(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети
Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата во „Le Constellation“ во одморалиштето Кран-Монтана загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. Властите, исто така, објавија итна забрана за употреба на прскалки во локалните ресторани откако прелиминарната истрага покажа дека тие се веројатна причина за пожарот, јавува Би-би-си. Пожарот …
Continue Reading
Уапсени тројца скопјани: кај нив пронајдени книги, сопственост на Државниот архив на РСМ
На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје. По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен …
Continue Reading
Уапсен велешанец: при претрес во неговиот дом пронајдени пари и предмети што ги украл
Вчера во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода 36-годишниот Љ.Ј. од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес. По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение …
Continue Reading
Важен состанок за Украина денес во Париз: „Ќе бидеме подготвени за двете сценарија“
Сојузниците на Украина се состануваат во Париз попладнево и ќе се обидат да ги финализираат своите придонеси за идните безбедносни гаранции за Киев во случај на прекин на огнот со Русија, соопштија дипломати и службеници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќе од 27 лидери, ќе се соберат во француската престолнина, заедно со американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како …
Continue Reading
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина …
Continue Reading