(Видео) Кој би рекол дека Аманда Сејфрид правела нешто на лицето

Аманда Сејфрид се појави на 31-то доделување на Critics Choice наградите во Калифорнија и воодушеви многумина со својот гламурозен аутфит. За оваа пригода, актерката одлучи да носи нежен фустан од „Valentino“ во пастелно розова боја. Фустанот е украсен и со црн корсет кој ја следи линијата на телото, што на целата креација ѝ дава доза на драма. Дополнително, преголемата темно …

Continue Reading

(Фото) И стил и тело на божица: Латино дивата повторно освојува со секси издание

Џенифер Лопез предизвика голема возбуда на интернет кога објави божиќно селфи. Таа позираше во празничен црвен фустан со прерамки што ја следеше линијата на нејзиното тело и ја истакнуваше нејзината убиствена фигура. Фустанот доби бројни коментари на социјалните мрежи, вклучувајќи и некои духовити кои посочија грешка со фотографијата. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) …

Continue Reading

(Фото) Со песна и насмевки коледарчињата од Кисела Вода во Бадниковата поворка

Со песна, радост и детска насмевка, коледарчињата од Кисела Вода денеска беа дел од Бадниковата поворка. Дарувани со подароци од градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и со Божикни ѕвезди кои претходно ги изработуваа на креативните работилници, тие од Кисела Вода се упатија кон Музејот на Град Скопје, а потоа и кон Плоштад Македонија, пред големата пештера, каде …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик. „Во овие мигови да се потсетиме што си значиме и да си подадеме рака. Да помогнеме таму каде што е најпотребно. Верата и надежта да ни помогнат да се сплотиме и да станеме …

Continue Reading

(Видео) Пенов: Потребни се итни мерки за загадувањето во Скопје – само оџакот на Цементарница чади колку 10.000 станбени единици

На последната вонредна седница во Советот на Град Скопје посветена на загадувањето во главниот град и неговите причинители, советникот од ЛДП, Ристо Пенов, изјави дека тој, лично стравува дека и вонредната седница ќе помине како досега, во општи констатации и неверување дека нешто навистина може да се промени, додека искуствата во светот говорат дека големи промени се можни и тоа …

Continue Reading

Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје

Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од …

Continue Reading

Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот

Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром

Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Прегазен маж на регионалниот пат Гостивар-село Градец: со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Continue Reading