Мицкоски: Над 160 проекти се предвидени во образованата инфраструктурa
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието. „Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти …
Continue Reading
Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите за 75 земји, меѓу кои и Македонија, не ги опфаќа визите за потребите на студирањето и туристичките посети, туку само оние кои се однесуваат на имиграција. „Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога …
Continue Reading
Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето
На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес руските медиуми. Според податоците на таа лабораторија, дупката е висока околу еден милион километри, објави агенцијата Интерфакс. Како што е наведено, појавата на бројни коронални дупки на Сонцето …
Continue Reading
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата. „Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за …
Continue Reading
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари. Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Continue Reading
Дониел Мален во Рома
Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец. Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан …
Continue Reading
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош. Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Песков: За Русија, Гренланд е данска територија
Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, изјави денес портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. „Забележуваме многу контрадикторна ситуација. Тргнуваме од претпоставката дека Гренланд е територија на Кралството Данска. Слушнавме изјави и од Данска и од самиот Гренланд дека Гренланд нема намера да биде продаден на никого. А слушнавме и изјава од Вашингтон дека Вашингтон формулира парична понуда …
Continue Reading
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот. Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Continue Reading