(Видео) СДСМ: Започна, доаѓаат „економски работници“

СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја отвора државата за масовен прилив на странски таканаречени „економски работници“, иако во земјава, како што велат, има речиси 100.000 невработени. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, изјави дека Владата донела одлука за вработување на нови 10.000 странски работници во 2026 година, што е двојно повеќе од лани. …

Continue Reading

Иранскиот врховен лидер го обвини Трамп за немирите и жртвите

Протестите што со недели го потресуваа Иран се смирија, но зад себе оставија илјадници жртви и тешки обвинувања. Иранскиот врховен водач Али Хамнеи го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за „жртвите и штетите“ настанати за време на немирите, пренесува Скај њуз. Во својата прва објава на социјалната мрежа „Икс“ по 12 јануари, иранскиот врховен водач Али Хамнеи изјави дека Доналд …

Continue Reading

„Биди одговорен возач – користи зимска опрема“ – полицијата во Охрид ги потсети возачите на обврската

На 15 јануари, отсекот за превенција при СВР Охрид, ја реализираше превентивната сообраќајна кампања „Биди одговорен возач-користи зимска опрема“. Притоа, полициски службеници од отсекот, на повеќе сообраќајни пунктови во градот, остварија кратки разговори со возачите на моторни возила и ги потсетуваа на потребата и законската обврска за задолжително носење и користење зимска опрема во возилата како основен предуслов за безбедно …

Continue Reading

Првпат во Франција поднесен предлог за излез од НАТО

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог со кој се повикува на повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Народното собрание и членка на левичарската партија Непокорена Франција (LFI), Клеманс Гете, пренесува Танјуг. Резолуцијата бара одвојување од западниот воен сојуз и доаѓа во момент на растечки сомнежи околу улогата на Соединетите Американски Држави и насоката на …

Continue Reading

Минхенската безбедносна конференција ги поништи поканите за Иран поради репресијата врз демонстрантите

Организаторите на Минхенската безбедносна конференција соопштија дека ги поништиле поканите испратени до претставници на иранската влада за годинашното издание, кое ќе се одржи од 13 до 15 февруари, поради репресијата врз демонстрантите во Иран, пренесува АФП. Од конференцијата наведоа дека поканите биле испратени пред неколку недели, но поради актуелните настани одлучиле да не ги почитуваат. Протестите поради високите трошоци за …

Continue Reading

Кисела Вода го модернизира осветлувањето: LED светилки со паметен систем за контрола

Општина Кисела Вода продолжува со проектот за замена на уличните светилки, со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамките на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега, се заменети над 2.400 светилки во населбите Пржино и Црниче. Со новите LED сијалици, осветлувањето ќе …

Continue Reading

(Видео) Ѓоковиќ не размислува за крајот на кариерата

Отвореното првенство на Австралија започнува утре, 18 јануари, а во текот на следните две недели, најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се бори за освојување на титулата на Гренд слем турнирот во Мелбурн. Србинот 10 пати во кариерата го освои трофејот во Австралија. Пред почетокот на натпреварувањето, Новак Ѓоковиќ одржа прес-конференција, а едно од прашањата на новинарите беше за …

Continue Reading

Екитике го изедначи рекородт на „Кинг Кени“

Францускиот напаѓач Уго Екитике успеа да го израмни рекордот поставен од најдобриот играч на Ливерпул на сите времиња, Кени Далглиш, во сезоната 1977/78. Ова лето, многумина беа изненадени кога Уго Екитике дојде на „Енфилд“ од Ајнтрахт Франкфурт. Особено затоа што беше платен за дури 80 милиони евра (плус 15 милиони во бонуси). Сепак, неговиот трансфер остана во сенка на Флоријан …

Continue Reading

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони, велат од Министерството за здравство. Според јавноздравствените стандарди, пушењето е …

Continue Reading