Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест свињи, а причинета е и значителна материјална штета. Како што информира полицијата, поради вдишување чад, едно лице било пренесено во Општата болница во Велес, додека четири други лица побарале лекарска помош во болницата во Неготино, а …

Continue Reading

Двајца кичевци во притвор поради обид за убиство – нападнале сограѓанин со нож кај „Сеферов бунар“

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Д. (37) и А.А. (46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“. Како што соопшти СВР Охрид, двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа „Затвор-Битола“ откако судија на претходна постапка им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Настанот се случил на 4 јануари 2026 година, околу …

Continue Reading

Тројца возачи фатени пијани зад воланот во Охрид и Струга, еден имал забрана за управување возило

Тројца возачи од Охрид, Струга и Дебрца се приведени во изминатите два дена поради безобѕирно управување моторни возила под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи. На 18 јануари, во 03:55 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, полицијата го привела 33-годишниот Ј.С. од селото Лескоец, кој со своето возило „Ауди“ со охридски регистарски таблички изгубил контрола и предизвикал сообраќајна …

Continue Reading

Беким Сали на лидерски состанок во Давос

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на Лидерскиот состанок (Davos Leadership Gathering), кој ќе се одржи во Давос, во периодот од 19 до 22 јануари. Лидерскиот состанок во Давос ќе собере светски лидери, економисти, банкари и експерти од различни области, со цел дискусија за глобалните предизвици и меѓународните економски развои. Првиот заменик-претседател ќе …

Continue Reading

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Пациентот бил донесен со развиена масивна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Не бил вакциниран за сезонски грип, иако бил во групата на пациенти што требало да примат сезонска вакцина. Имал претходни белодробни заболувања. Ова е втор …

Continue Reading

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“ – системот е изопачен

Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани поднел приватна кривична тужба против осум лица и други непознати лица од Кочани за оштетување на туѓи предмети, велат од Левица утрово преку соопштение. Во тужбата, како што се наведува, станува збор за оштетувањата на кафе барот „Класик“, исто така сопственост на Јованов, што настанаа на …

Continue Reading

(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих

По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија. Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на …

Continue Reading

Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“. Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да …

Continue Reading

„Приказната за Силјан“ со хрватска кино-премиера во Загреб

На покана на хрватскиот дистрибутер, македонскиот КИЦ во Загреб се јавува како еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција. „Ова е одлична и ексклузивна прилика пошироката хрватска публика да го види најновото успешно остварување на …

Continue Reading