Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница

Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом. Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска …

Continue Reading

Мицкоски: Безбеден град веќе спасува животи, прекршоците намалени од 100.000 дневно во првите денови до 3.000 сега

Системот „Безбеден град“, кој официјално треба да профункционира од 1 февруари, веќе дава резултати во тест-периодот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Бројот на сообраќајни прекршоци и незгоди е значително намален, а со тоа и бројот на повредени и загинати лица во сообраќајот. „Во јануари имаме уште поохрабрувачки бројки од декември – тоа значи повеќе спасени животи, помалку сообраќајни незгоди, и побезбеден …

Continue Reading

(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“ Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници. Синдикатот предупреди и на случајот со …

Continue Reading

(Видео) Пожар во трговски центар во Пакистан, 6 лица загинаа, 11 се повредени

Во голем пожар што зафати трговски центар во центарот на Карачи, најголемиот град во Пакистан, загинаа шест лица, а 11 се повредени, објави „Ројтерс“. Пожарот избувнал во саботата навечер во трговскиот центар „Гул Плаза“, по што брзо се проширил од приземјето кон горните катови и ја зафатил речиси целата зграда. Противпожарните екипи интервенирале во текот на ноќта за да го …

Continue Reading

Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош

На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно. Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По …

Continue Reading

(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено

Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“. Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 …

Continue Reading

Мелони: Му се јавив на Трамп и му кажав што мислам

Иако Италија можеби не е меѓу земјите на кои им се закануваат новите американски царини, премиерката Џорџа Мелони изјави дека одлуката на Доналд Трамп ја смета за „грешка“. Во изјава за новинарите за време на нејзината посета на Јужна Кореја, Мелони потврди дека својот став му го пренела лично на Трамп неколку часа претходно. „Разговарав со Трамп и му кажав …

Continue Reading

Франк ги брои последните денови на клупата на Тотенхем

Челниците на Тотенхем сериозно размислуваат да му врачат отказ на тренерот Томас Франк. Тотенхем, вчера, доживеа пораз на домашен терен од Вест Хем (1:2). Иднината на Франк. како што пишува „Тајмс“ е доведена во прашање по неговиот осми пораз во 14 натпревари. Данецот беше исвиркан додека навивачите на Спарс скандираа „Утре сабајле ќе добиеш отказ“ по поразот од нивните лондонски …

Continue Reading

Данската премиерка му одговари на Трамп: Европа нема да биде уценувана

Европа нема да биде уценувана со царински закани од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави премиерката на Данска, Мете Фредериксен. „Кралството Данска добива голема поддршка. Истовремено, сега е уште појасно дека ова прашање ги надминува нашите национални граници“, наведе таа. „Токму затоа е уште поважно цврсто да стоиме зад темелните вредности врз кои е изградена европската заедница. Ние сакаме соработка, а …

Continue Reading