Данска ќе се бори за европската титула

Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14). Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците. Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 …

Continue Reading

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата за неговите врски со влијателни личности, околностите на неговата смрт и заштитата на жртвите. Во објавената преписка, Епстин во 2011 година му пишувал на британскиот политичар Питер Манделсон дека имал „монструозна забава“ со Бил Гејтс во Сиетл. Во документите има …

Continue Reading

Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин

Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив. Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е …

Continue Reading

Почина Кетрин О’Хара

Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали. О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската …

Continue Reading

Германија ја победи Хрватска, ќе се бори за златото на ЕП

Германските ракометари се првите финалисти на Европското првенство. Избраниците на Алфред Гисласон го добија полуфиналето против Хрватска со 31:28. Актуелните вицешампиони на Олимписките игри го надиграа светскиот вицешампион и со тоа го постигнаа најголемиот успех на континенталните натпреварувања од 2016 година, кога го освоија златниот медал. Германците доживеаа два порази на ова првенство, против Србија и Данска, но клучниот триумф …

Continue Reading

Зеленски обвинува: Европа ја остави Украина без противвоздушна одбрана, земјата на работ на целосен мрак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини европските партнери дека ја оставиле противвоздушната одбрана на неговата земја на цедило, што ѝ овозможило на Русија со балистички ракети тешко да ја оштети енергетската инфраструктура и да ја доведе Украина „на работ на целосен мрак“. Поради задоцнети уплати од Западот, тврди Зеленски, клучните одбранбени системи „биле неупотребливи“. Во разговор со новинарите во Киев …

Continue Reading

Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски. Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози. Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување. Јанчовски беше поет, писател, преведувач, …

Continue Reading

Синер: Боли овој пораз – Ѓоковиќ е најдобриот во историјата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се огласи по поразот во полуфиналето на Австралија Опен. Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија Опен по маратонскиот натпревар и победата од 3:2 над Синер – во сетови беше 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4. По натпреварот, Синер, кој го освои Мелбурн во изминатите две сезони г кажа впечатоите на прес-конференција: „Ова многу боли. Ова …

Continue Reading

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница

Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје. Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и …

Continue Reading