Велешанец нападнат сред ноќ, напаѓачот бил пијан

Во раните утрински часови на 3 февруари 2026 година, велешката полиција го привела 35-годишниот Д.Т. од Велес, поради физички напад врз 45-годишниот А.А., исто така од Велес. Полициските службеници при проверката кај Д.Т. затекнале 1,83 промили алкохол во крвта. Приведениот бил задржан во полициската станица, а како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Дурмиши: Повремените и сезонски работници добиваат законска заштита

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес истакна дека Законот за работно ангажирање на лица, кој започна да се применува од 1 јануари 2026 година, претставува значаен исчекор во уредувањето на пазарот на трудот и формализацијата на сивата економија. „Тековниот период беше наменет за техничка и институционална адаптација, со цел имплементацијата на законот да биде ефикасна, усогласена и функционална …

Continue Reading

Филков:Дигитализацијата и човечките ресурси се клуч за ефикасно и независно судство

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите, порача министерот за правда на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија. „Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата, затоа што само преку прецизна …

Continue Reading

Европската интеграција останува стратешки приоритет, порача Сали на средбата со еврокомесарката Кос

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Брисел оствари работна средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос. Средбата беше фокусирана на текот на процесот на европска интеграција на земјата, реформските приоритети и актуелните предизвици во рамки на европската агенда. Во текот на разговорите, заменик-претседателот Сали повторно потврди дека членството во Европската Унија останува …

Continue Reading

Стаменкоска Трајкоска: Секое дете мора да се чувствува безбедно во училиште

Денес во Општина Кисела Вода беше потпишан трипартитен меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединета Македонска Дијаспора – Подружница Македонија, со кој официјално се воспоставува рамка за унапредување на образованието преку иновативни, инклузивни и холистички програми. Со оваа соработка започнува имплементацијата на проектот „STAR FOR LIFE“. Проектот предвидува обука на наставниците од …

Continue Reading

„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. „Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките. Тој призна дека …

Continue Reading

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите …

Continue Reading

Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани

Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“. Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот. Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот. …

Continue Reading

Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија. Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град. „Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша …

Continue Reading