Вучиќ ги демантира тврдењата дека планирал насилно да остане на власт по изборниот пораз: Никој од странство не ми се јави

Поранешниот српски претседател и носител на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, ги демантираше тврдењата на британски „Тајмс“ дека во изборната ноќ планирал насилно да остане на власт. Тој негираше и дека се откажал од наводниот план по телефонски повици од странство. Вучиќ изјави дека во изборната ноќ првично пристигнувале резултати од помалите избирачки места, кои покажувале водство на неговата листа. …

Continue Reading

Вработена во скопско средно училиште пријавила дека била нападната од малолетник

Педесетгодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од малолетник додека била на своето работно место во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје. „На 28.10.2026 во СВР Скопје, Б.Ш.(50) од Скопје, вработена во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, пријавила дека, додека била на своето работно место, била физички нападната малолетник. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

МВР за пожарот во „Стив Наумов“: Студент го изгаснал запалениот бојлер, нема повредени

Студент со противпожарен апарат го изгаснал пожарот што вчера избувнал на бојлер во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Во инцидентот нема повредени лица, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, пожарот настанал вчера околу 12:30 часот, а бил пријавен во СВР Скопје во 13 часот. За проблемите во студентскиот дом вчера алармираа и од „Студентски отпор“, од …

Continue Reading

Ѓоковиќ: Со Федерер секогаш имав само професионален однос

Откако победи на првиот меч, на турнирот од серијата 500 во Базел, Новак Ѓоковиќ зборуваше за својата врска со најпознатиот жител на овој град, Роџер Федерер. „Нашиот однос никогаш не ги премина професионалните граници, истакна најдобриот тенисер на сите времиња. Секогаш чувствував голема почит кон него, бидејќи многу придонесе за спортот од кој е дел. Привлече многу млади луѓе кон …

Continue Reading

Кривична пријава за силување дете помало од 15 години, осомничениот вршел полови дејствија во период од осум месеци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Пријавениот во периодот од февруари до октомври годинава вршел полови дејствија врз дете помало од 15 години, соопшти МВР.  

Continue Reading

Жител на Злетово измамил лице за 860.000 денари, го навел да испрати пари во четири држави

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од селото Злетово, пробиштипско, поради сомнение дека измамил лице за 860.000 денари, наведувајќи го да изврши повеќе парични трансфери кон странство. Според информациите од МВР, во периодот од 20 август 2024 до 15 јануари 2026 година, пријавениот со лажно прикажување факти го довел оштетениот во заблуда, по што тој преку услуги за брз …

Continue Reading

Затвореник фатен со дрога додека користел отсуство од затвор

Дваесет и седумгодишен битолчанец, кој издржувал затворска казна, е приведен во Градско откако полицијата кај него пронашла повеќе видови дрога. Според информациите од полицијата, во моментот користел отсуство од затвор. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети. За случајот бил известен јавен обвинител, а битолчанецот бил спроведен во Казнено-поправната установа …

Continue Reading

Познато е кога Компани се враќа на клупата на Баерн

Венсан Компани, вечера, беше отпуштен од болница, откако се онесвести на тренингот на Баерн, а сега е откриено кога ќе се врарти на клупата на баварскиот гигант. „Спорт Билд“, тврди дека белгискиот стручњак ќе се врати на клупата на 20 ноември, веднаш по репрезентативната пауза. На тој датум, германскиот шампион ќе се сретне со Келн во 10-то коло од Бундеслигата. …

Continue Reading

Сообраќајна несреќа во Скопје: „мерцедес“ удрил во пешак, тој се здобил со тешки повреди

Педесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 20:40 часот, кога патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Ф.А. од Скопје, удрило во 50-годишниот Д.Ф., исто така од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни …

Continue Reading