Ван Гал: Не е добро, секој во денешно време може да игра во Во Лигата на шампионите
Холандскиот тренер Луис Ван Гал го критикуваше новиот систем на Лигата на шампионите, бидејќи верува дека сега има премногу клубови и премногу натпревари, и затоа повредите на фудбалерите стануваат сè почести. Прославениот холандски тренер верува дека поголем број голови не мора да значи подобар фудбал. „Смешен формат. Денес во Лигата на шампионите, Курто и Мурто можат да играат“, изјави Ван …
Continue Reading
Ревизорите открија слабости во ИТ системите, ПИОМ уверува дека податоците на граѓаните се безбедни
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) тврди дека голем дел од пропустите во информатичката безбедност, утврдени со ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), веќе се надминати, а дел од препораките се целосно реализирани или се во напредна фаза на спроведување. Од Фондот уверуваат дека личните податоци на пензионерите и осигурениците не биле компромитирани. Реакцијата следува по објавувањето на …
Continue Reading
Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим
Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска репрезентација следниот месец и ќе ја предводи во продолжението на Лигата на нации. Ова е одлуката на врховниот Сојуз на земјата, со која се стави крај на неговиот невиден конфликт со селекторот Жорге Хесус. Времето ќе покаже дали соработката меѓу нв двајца е навистина можна. На искрен и здрав начин. Медиумите ја …
Continue Reading
Уште еден проблем за Ханси Флик, Еспарт под знак прашалник за Ел Класико
Барселона ќе го пречека Реал во 10-то коло од Ла Лига во недела во 21 часот. Актуелниот шампион и лидер, во пресрет на дербито има шест бода повеќе од Реал, но и со многу проблеми. Станува збор за повредите на важни играчи по дербито во Лигата на шампионите. По 11 победи во исто толку натпревари оваа сезона, Барселона загуби со …
Continue Reading
Техномаркет со нов, модерен продажен салон во Triangla Fashion Park во Маџари
Техномаркет ја проширува својата продажна мрежа со нов салон во Triangla Fashion Park во Маџари, општина Гази Баба. На атрактивна локација, во новиот модерен ритејл парк, купувачите ги очекува голем избор на најнови модели од водечки светски брендови, акциски понуди и можности за купување на рати. Новиот продажен салон нуди современо уреден простор со богат асортиман на бела техника, телевизори, …
Continue Reading
Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење
Природонаучниот музеј на Македонија на 26 октомври одбележува значаен јубилеј – 100 години постоење, научна посветеност и истражување на природното богатство на земјава. По повод стогодишнината, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија посветена на еден век работа на институцијата која низ децениите прерасна во значаен чувар на природното наследство и негов непроценлив сведок за идните генерации. На …
Continue Reading
Герасимовски на регионална конференција во Белград: Потребни се одржливи решенија за паркирањето
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, гостуваше на конференцијата PARkon 2026 во Белград, на која учествуваа претставници на јавните претпријатија за паркирање од регионот. На настанот на Општина Центар – Скопје ѝ беше доделена јубилејна благодарница од Здружението на паркиралишта на Србија за исклучителен придонес, долгогодишна соработка, поддршка и несебична професионална работа во развојот на паркинг-индустријата. Конференцијата беше и повод …
Continue Reading
Јапонија донираше ново возило за управување со смет на општина Могила
На 21 октомври 2026 година, Н.Е. Сецуко Кавахара, амбасадорка на Јапонија, присуствуваше на церемонијата по повод примопредавањето на успешно завршениот проект во рамките на Програмата за грантови за мали проекти (GGP) во општина Могила. Домаќин на церемонијата беше градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски. Во рамките на проектот беше обезбедено ново возило за собирање отпад од марката „Mitsubishi Fuso Canter“ …
Continue Reading
Трибјут концерти на Linkin Park, Green Day и Nirvana на „Трибјут Фест 2“ во МКЦ
Љубителите на рок-музиката на 7 ноември ќе имаат можност да уживаат во второто издание на „Трибјут Фест“, кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со почеток во 20 часот. Публиката ја очекува вечер исполнета со енергија, гласни гитарски рифови и безвременски хитови од три светски познати бендови што оставија неизбришлива трага во музичката историја. На сцената …
Continue Reading