Финска планира да ја укине забраната: можно нуклеарно оружје на своја територија во случај на војна
Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за поседување нуклеарно оружје на својата територија, што би можело да овозможи распоредување нуклеарно оружје во случај на војнa. Станува збор за измена на Законот за нуклеарна енергија од 1987 година, кој досега забранува увоз, производство, поседување и детонација на нуклеарни експлозиви во земјата. Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека измената …
Continue Reading
Зеленски: САД побараа помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Соединетите Американски Држави побарале помош од Украина во борбата против беспилотните летала на Блискиот Исток. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски појасни дека станува збор за конкретно барање за поддршка во одбраната од иранските беспилотни летала од типот „Шахед“. „Добивме барање од Соединетите Американски Држави за конкретна помош во одбраната од „Шахед“ на …
Continue Reading
Густ црн чад во Скопје: пријавено лице што палело кабли во Маџари
Густ црн чад попладнево можеше да се забележи во делови од главниот град, откако било пријавено лице што горело кабли на депонија во населбата Маџари. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пријавата се однесувала на локација кај црквата зад пругите во Маџари. Случајот бил пријавен на бројот 112. Пожарот е изгаснат.
Continue Reading
Трамп: Кубанскиот режим ќе падне
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Политико“ изнесе низа тврдења за војната со Иран, ситуацијата на Куба, војната во Украина и односите со технолошките компании. Во разговорот ја отфрли загриженоста за последиците од конфликтот со Иран и порача дека САД ќе помогнат во изборот на новиот ирански лидер. Воедно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и компанијата за вештачка …
Continue Reading
Стармер: Договор со Иран е најдобриот пат напред
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека договор со Иран е најдобриот пат напред за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пренесе „Гардијан“. Тој нагласи дека Велика Британија прави „сѐ што може“ за да се смири ситуацијата и ја бранеше одлуката земјата да не се приклучи на првичните американски и израелски напади врз Иран. „Долгогодишниот став на Британија е дека најдобриот …
Continue Reading
Иран: Не бараме прекин на огнот и нема да преговараме со САД
Иран не бара прекин на огнот и не гледа причина да преговара со САД, изјави високиот ирански дипломат Абас Арагчи во интервју во живо за американската телевизија „Ен-би-си“. Арагчи, исто така, нагласи дека Иран не го затворил Ормутскиот теснец, се додава. „Не гледаме никаква причина да преговараме со САД“, рече тој. „Преговаравме со нив двапати и двата пати нè нападнаа …
Continue Reading
Македонски државјани евакуирани од Израел, со владиниот авион тргнаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје
Евакуирани се македонски државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што посочи, Министерството целосно го координирало процесот на евакуација, кој барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции. Муцунски информираше и дека е …
Continue Reading
Трамп сака да учествува во изборот на нов ајатолах во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на новиот врховен лидер на Иран, по убиството на Али Хамнеи во американско-израелските напади, објави „Аксиос“. Иранските власти во меѓувреме најавуваат дека наскоро може да биде објавено името на неговиот наследник, а како главен кандидат се споменува неговиот син Мојтаба Хамнеи. Трамп во разговор за „Аксиос“ изјави …
Continue Reading
Ердоган го повика Макрон на посилна одбранбена соработка во рамките на НАТО
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон за односите меѓу Турција и Франција, како и за регионалните конфликти и глобалните прашања. Во разговорот, Ердоган изрази загриженост дека продолжениот конфликт во Иран би можел да стане извор на нестабилност за целиот регион и светот. Тој нагласи дека Турција вложува напори во процесот на преговори …
Continue Reading