Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал
Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20:45 часот на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ во Виница. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале два автомобила „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувани од Д.П. (42) од Виница и П.П. (24) од селото Лески, кој по судирот го напуштил местото …
Continue Reading
Пукање во близина на Париз, едно лице убиено, најмалку четворица повредени
Едно лице е убиено, а најмалку четири се повредени во пукање од автомобил што се случило денеска во департманот Ивлин, западно од Париз. Осомничениот е уапсен во близина на градот Трап и е приведен, а полицијата соопшти дека мотивот за нападот засега не е познат. За апсењето прва извести телевизијата БФМ. Францускиот премиер Себастијан Лекорни изјави дека „сите расположливи безбедносни …
Continue Reading
Трамп: Имам право повторно да се кандидирам за претседател бидејќи ме измамија
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави смета дека има право повторно да се кандидира за претседател на САД, бидејќи, како што тврди, демократите му ја украле победата на изборите во 2020 година. На предизборен собир одржан вчера во Сиу Сити, во сојузната држава Ајова, Трамп призна дека американскиот Устав му забранува трет претседателски мандат, но повторно тврдеше дека победил на сите …
Continue Reading
Брод погоден од дронови во Црното Море кај Романија, еден загинат и тројца исчезнати
Еден морнар загина, а тројца се водат како исчезнати по напад со беспилотни летала врз трговски брод во Црното Море, на околу 13 наутички милји (24 километри) од романското пристаниште Констанца. Романските власти започнаа спасувачка операција откако бродот „Хорив“, кој пловел под знамето на Коморските Острови, испратил повик за помош. На бродот имало 13 членови на екипажот, од кои десет …
Continue Reading
Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што …
Continue Reading
(Видео) Скандал во Бугарија: Обезбедување собори новинарка на земја, се бара оставка од претседателката на парламентот
Припадник на обезбедувањето на претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, е приведен кога во Софија силно ја турнал новинарката Соња Колтуклиева, која паднала на тротоарот и го повредила рамото. Инцидентот се случил синоќа пред седиштето на партијата „Прогресивна Бугарија“ во Софија. Снимката предизвика остри политички реакции и барања за оставка од претседателката на парламентот, пренесува бугарската државна новинска агенција БТА. …
Continue Reading
Шасивари на средба со Варнс: Американската поддршка е клучна за реформите во правосудството
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која се разговараше за клучните реформски приоритети во правосудството и можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка. Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува силна поддршка за реформската агенда на Министерството за правда, особено во зајакнувањето на …
Continue Reading
Гаши: Само обединети можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво
Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. „Овој значаен датум нè потсетува на истрајноста, храброста и стремежот на генерациите пред нас за слобода, достоинство и сопствена државност. Нивната борба и пожртвуваност се дел од историската основа врз која денес ја градиме нашата заедничка иднина. Одбележувањето на 23 Октомври е можност …
Continue Reading
Јамал изнајмил авион и се подготвува за прославата на „Златната топка“
Пред доделувањето на наградата „Златна топка“ во понеделник, 26 октомври, се чини дека во трката за престижната награда остануваат два главни фаворити. Според медиумските извештаи, победникот ќе се одлучи помеѓу англискиот напаѓач на Баерн, Хари Кејн, и младата шпанска ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал. Фудбалската јавност е поделена околу исходот. Кејн имаше исклучително ефикасна сезона зад себе во дресот на …
Continue Reading