Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Потребен е кредибилен процес на проширување на ЕУ според Копенхашките критериуми
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствуваше на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака. Таа му упати честитки по повод неговиот избор за претседател во август, годинава и изрази подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора. На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти. Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба …
Continue Reading
Еден загинат во пукање кај Париз, се истражува можен терористички напад: „Пукаше по случаен избор“
Едно лице загина, а четири се повредени во пукање што се случи денеска во поширокото предградие на Париз. Француското Национално антитерористичко обвинителство отвори истрага поради сомневање за тероризам, објави „Скај њуз“. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека нападот се случил на три локации во градовите Трап и Ла Вериер, во департманот Ивлин, околу 25 километри југозападно од центарот …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски зборува за европска иднина, а Македонија не се споменува во пораките на Марта Кос
Од СДСМ упатија критики до премиерот Христијан Мицкоски по неговото обраќање по повод 23 Октомври, обвинувајќи го дека наместо да ги спроведе потребните реформи и да го забрза евроинтеграцискиот процес, се занимава со прашања од минатото. Од партијата посочија дека еврокомесарката за проширување Марта Кос во своите последни пораки за земјите од Западен Балкан не ја споменала Македонија, што, според …
Continue Reading
Нови детали за случајот со „кубанските вакцини“ против рак: обвинителството изврши претреси, пронајдени докази
Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации. Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им …
Continue Reading
Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на Интерконтиненталниот куп ќе се одржи во среда, 16 декември, на стадионот „Ахмад бин Али“ во Доха. Пари Сен Жермен, европскиот шампион и бранител на титулата, на тој начин ќе се сретне со победникот на „Челенџер купот“ на 16 декември. На 9 декември, мексиканска Толука ќе се сретне со јужноамериканските шампиони (аргентинскиот Естудијантес …
Continue Reading
Конте негира дека е во преговори со Манчестер Јунајтед
Легендарниот италијански тренер, Антонио Конте, зборуваше за шпекулациите дека наскоро се враќа на работното место, поточно, дека е опција за Манчестер Јунајтед. Иако не го именуваше англискиот клуб, од неговата изјава е јасно дека се повикува на Јунајтед, откако неколку англиски медиуми објавија дека има нереални барања, за да ја прифати понудата. Конте, со својата објава стави крај на шпекулациите. …
Continue Reading
Куќа целосно изгоре во Зелениково, сопственикот се обидел сам да го изгасне пожарот
Куќа целосно изгорела во пожар што вчера избувнал во селото Тисовица, општина Зелениково. Сопственикот се обидел сам да го изгасне огнот, но не успеал, информира МВР. Според полициското соопштение, пожарот избувнал околу 13 часот во куќа сопственост на Р.Е. (37) од селото Тисовица, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 18 часот. Во пожарот куќата целосно изгорела, но за …
Continue Reading
Пукање во црква во Јордан, најмалку седум загинати и десет повредени
Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени денеска кога вооружени напаѓачи отвориле оган за време на погреб во црква во јорданската провинција Карак, објави државната телевизија „Ал-Мамлака“, пренесува „Ројтерс“. Според информациите, двајца напаѓачи излегле од автомобил и почнале да пукаат кон присутните за време на погребната поворка кај црквата „Хамуд“. Калед Буркан, кој присуствувал на погребот, изјавил дека биле …
Continue Reading