„Колку квадрати бетон вреди едно Водно“, прашуваат од ЗНАМ

„Вчера во Советот на Општина Центар не се одлучуваше само за уште една урбанистичка точка. Се одлучуваше дали ќе се заштити Водно или повторно ќе се отвори патот за нов бетон. Движењето ЗНАМ за Наша Македонијагласаше против.
Нашиот став беше јасен. Не може да се носат одлуки за Водно без мислење од надлежните институции за ризикот од ерозија и свлечишта. Не …

Continue Reading

„Мицкоски е дотеран до ѕид, му треба алиби за избори“, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски се обидува да ја претстави реконструкцијата на Владата како нормален потег, но реалноста е сосема поинаква. Мицкоски е дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори. Буџетот е празен. ЕУ интеграциите се стопирани. Со ова темпо, наскоро нема да има пари ниту за пензии“, велат од СДСМ. „Целата Влада е составена од луѓе со бугарски пасоши, додека …

Continue Reading

Прегазена жена во Велес: со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна …

Continue Reading

Измамена жена од Прилеп: по комуникација преку социјални мрежи дала околу 700.000 денари

Вчера во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Кривична против 38-годишник: украл керамички сад од археолошкиот локалитет „Муталово”

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.С. од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“. Пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”, атар на село Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос) – предмет кој е културно наследство, и го …

Continue Reading

Хоџа го означи почетокот на регулацијата на Сува Река: Инвестиција од 376 милиони денари за чист и безбеден Сарај

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го означи почетокот на изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај, за кој МЖСПП обезбеди 376 милиони денари. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет Елмази и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Хоџа истакна дека …

Continue Reading

(Видео) Бочварски до Јаневска: Затворањето училишта ќе остави наставници без работа – кај тера оваа власт?

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на …

Continue Reading

Сопружници осомничени за убиството на Ацо Трповски во скопска Автокоманда

Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување …

Continue Reading

(Фото) Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово

Со свечена церемонија денеска (15 јули) во касарната „Боро Менков“ во Куманово заврши уште едно успешно поглавје на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) чие седиште изминативе шест години беше во нашата држава, по што истата врз принципот на ротациона основа својата мисија ќе продолжи да ја извршува во Истанбул, Република Турција Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати …

Continue Reading