Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со …
Continue Reading
Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²
Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. „Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се …
Continue Reading
Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода
Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата поранешна 36-годишна сопругa, дека во временски период од 2023 до 03.07.2026, тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Continue Reading
Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп одговори дека мисли …
Continue Reading
Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 21.06.2026 пријавениот во семејниот дом во Кочани физички го нападнал неговиот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил, а потоа му упатувал ѝ закани.
Continue Reading
Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје
Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли од повеќе држави и во Скопје ја претстави богатата традиција, музика и народни игри од различни култури. Во име на Општина Чаир, претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, ги поздрави организаторите и ансамблите учесници, истакнувајќи го значењето на …
Continue Reading
(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица
Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната мафија, СДСМ и ДПМНЕ функционираат како едно, велат од Левица. И покрај сите аргументи и предупредувања од Левица, од партијата нагласуваат дека советниците на Широката коалиција здружено го изгласале спорниот Нацрт-ДУП за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден …
Continue Reading
Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа
Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна мрежа Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во …
Continue Reading
ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ
Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат. „Во реалноста, тие го прават тоа за да го одбегнат она што доаѓа откако ќе се завршат реформите. Кога ќе се исполнат сите 10 точки од реформската агенда, повеќе нема каде да …
Continue Reading