Меси за фотографијата со бебето Јамал: Лудост е што сега ќе играме еден против друг во финале на СП
Лионел Меси за првпат јавно ја коментираше легендарната фотографија на која го држи Ламин Јамал како бебе, оценувајќи дека е „лудост“ што речиси две децении подоцна двајцата ќе бидат ривали во финалето на Светското првенство. Фотографијата му ја покажа легендарниот играч на американски фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА организираше претставување на финалето. …
Continue Reading
Левица: Да се испита кој дозволил непроверена вода да влезе во водоводниот систем
Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине …
Continue Reading
Едни го мразат, други го слават: Зошто се игра мечот за третото место на СП?
Натпреварот за третото место на Светското првенство отсекогаш предизвикувал поделени мислења. За едни тоа е дуел што ниту една репрезентација не сака да го игра, додека други го сметаат за најпознатиот утешен натпревар во фудбалот и последна можност за освојување медал и подобрување на индивидуалната статистика. На Светското првенство во 2026 година Англија и Франција, поразени во полуфиналето, ќе се …
Continue Reading
Англија и Франција во битка за бронзата на Светското првенство
Откако останаа без место во големото финале, Англија и Франција вечерва ќе се соочат во натпреварот за третото место на Светското првенство. Дуелот за бронзениот медал ќе се одигра на стадионот „Хард рок“ во Мајами со почеток во 23 часот по средноевропско време. Двете европски селекции ќе се обидат да ја завршат мундијалската приказна со победа, по болните полуфинални порази. …
Continue Reading
(Фото) Ања Тејлор-Џој прошета низ Њујорк во градник
Американската актерка Ања Тејлор-Џој привлече внимание со своето модно издание за време на промоцијата на новата серија „Lucky“ во Њујорк. Ѕвездата на „Дамин гамбит“ се појави во виолетов градник во стил на топ, преку кој носеше зелен кардиган, комбиниран со портокалово здолниште со шарен дезен и жолти чевли со високи потпетици. Anya Taylor-Joy pic.twitter.com/1zFEbBlHbh — ً (@gorgarchive) July 17, 2026 …
Continue Reading
Извештајот на Европската комисија покажува политичко влијание врз судството, вели СДСМ
СДСМ соопшти дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото ги потврдува, како што наведува партијата, нивните предупредувања за системски притисок врз судството и обвинителството од страна на власта. „Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива“, наведуваат од …
Continue Reading
Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец речиси запре по ескалацијата меѓу САД и Иран
Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно е запрен по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, објави компанијата за поморски податоци „Кплер“, пренесе агенцијата „ДПА“. Според „Кплер“, во четвртокот низ теснецот поминале само осум бродови, што е најмал број во последните три недели. Ден претходно биле регистрирани 15 пловила, додека пред две недели низ Ормускиот Теснец минале 48 …
Continue Reading
Маж со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи
Шеесет и тригодишен маж во средата со автомобил удрил во влезната капија на имотот на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон. Според полицијата, возачот изгледал дезориентирано, не застанал пред затворената капија и со поголема брзина продолжил по патoт. Тој бил уапсен, а потоа пренесен во болница. Против него е поднесена пријава за неовластен влез на приватен имот и предизвикување материјална …
Continue Reading
Бен Афлек продаде компанија на Нетфликс за 587 милиони долари
Нетфликс го презеде ВИ стартапот „InterPositive“, основан од холивудскиот актер Бен Афлек, во зделка вредна 587 милиони долари, покажуваат документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност (SEC). Компанијата, која Афлек ја основа во 2022 година во Лос Анџелес, развива алатки со вештачка интелигенција наменети за постпродукција на филмови. Системот не создава филмови од почеток, туку им помага на …
Continue Reading