Дешан за последен пат седеше на клупата на Франција: Требаше поинаку да почнам

Досегашниот селектор на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, последен пат ѝ се обрати на јавноста во таа улога по поразот од Англија (6:4) во натпреварот за третото место на Светското првенство. Во емотивното обраќање тој го анализираше својот последен натпревар, ја презеде одговорноста за неуспехот и официјално потврди дека се повлекува, најавувајќи дека селекторската функција ќе му ја предаде на …

Continue Reading

Фејсбук повторно падна, корисниците ширум светот не можат да пристапат до профилите

Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација. При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката: „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Демократскиот сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен …

Continue Reading

САД почнаа нови напади врз Иран откако во Јордан загинаа двајца американски војници

САД започнаа нови воздушни напади врз Иран, откако во ирански напад во Јордан загинаа двајца американски војници, а трет се води како исчезнат, соопшти Американската централна команда (CENTCOM). Според CENTCOM, нападите биле изведени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и биле насочени кон слабеење на способностите на Иран да ја загрозува пловидбата низ Ормускиот Теснец, како и кон сили …

Continue Reading

Русија и Украина разменија нови жестоки удари: Киев под ракетен напад, дронови погодиле цели во Русија

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќешниот руски ракетен напад врз Киев и околината, соопштија украинските власти. Според првичните информации, кон главниот град биле лансирани 31 балистичка и осум хиперсонични ракети „Циркон“. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека шестмина повредени се хоспитализирани, а пожарникарите спасиле повеќе лица од оштетени станбени згради. Нападите предизвикале пожари и оштетувања во неколку …

Continue Reading

Мбапе: Го изневеривме Дешан во првото полувреме, а Меси сигурно ќе даде гол во финалето

Англија ја победи Франција со 6:4 во спектакуларниот натпревар за третото место на Светското првенство во Мајами и го освои бронзениот медал. Англичаните на полувремето водеа со 4:0, но Франција се врати на 4:3 и пропушти неколку стопроцентни шанси за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англија. Покрај него, во листата на стрелците …

Continue Reading

(Видео) Критики за билбордот на влезот во Скопје: Букефал со пет нозе, непрепознатливо Кале

Опозициските партии СДСМ и Левица упатија критики поради новиот билборд поставен на влезот во главниот град, обвинувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи низа грешки. Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека наместо разубавување на градот, скопјани добиле симбол на аматеризам и срам. Од партијата тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе, а останатите елементи, според …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Загрозено е здравјето на граѓаните во Гостивар, институциите да го расветлат случајот

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Во изминатите денови …

Continue Reading

СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата

Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара …

Continue Reading