Во петок локален дожд, викендов сончево време
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до …
Continue Reading
62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. Полицијата извести дека на 15.07.2026 година пријавениот, во семејната куќа, извршил обљуба врз малолетничка.
Continue Reading
Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина
Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој изгорела сува трева на голема површина. МВР извести дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Кривична против 34-годишен Германец, изминатиот викенд нападнал полицаец во Штип
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година, на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Continue Reading
(Видео) Принцот Џорџ го прослави 13. роденден, пред јавноста ја откри неговата страна што ретко ја гледаме
Принцот Џорџ наполни 13 години, а неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, во оваа пригода објавија нов портрет и кратко видео што ја прикажува порелаксираната и авантуристичка страна на идниот британски крал. Принцот и принцезата од Велс на тој начин ја продолжуваат традицијата што ја започнаа за првиот роденден на Џорџ, кога почнаа да споделуваат фотографии и моменти од …
Continue Reading
Иран упати предупредување до Бугарија
Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното распоредување на американски воени авиони на нејзина територија. Техеран ѝ порача на Софија дека не смее да дозволи Бугарија да стане база за операции против Иран, објави Euronews. Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската влада привремено да стационира до осум американски авиони танкери за полнење гориво во воздухопловната база Безмер на …
Continue Reading
Граната од Првата светска војна пронајдена на нива во Гевгелија
61-годишен гевгеличанец во понеделникот пријавил во полиција дека во нива на место викано „Ќупот“, гевгелиско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за граната со калибар 100 мм и дека е од Првата светска војна.
Continue Reading
(Видео) Мартинијан Кириловски ја претстави Македонија на фестивалот „Бисер Јадрана 2026“
Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски ја претстави Македонија на едно од најзначајните регионални музички случувања – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“, кој се одржа на 18 јули во Тиват, Црна Гора. Со сигурен сценски настап и моќна интерпретација, Кириловски остави силен впечаток кај публиката, колегите и музичките професионалци, потврдувајќи дека чекор по чекор го гради своето име и надвор од македонските граници. …
Continue Reading