(Видео) Русија изврши балистички напад врз Киев
Русија во текот на ноќта изврши балистички напад врз Киев, при што беше погодена и станбена зграда, соопштија украинските власти. Нападот следуваше само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои опасност од нов масовен ракетен удар врз главниот град. Според украинските медиуми, околу 00:23 часот по локално време во Киев одекнале повеќе експлозии, а непосредно пред тоа …
Continue Reading
„Го распарчи нашето куче и нè нападна мене и мојот малолетен брат“, вели ќерката на Македонката која усмрти куче во Црна Гора
Четириесет и шестгодишната македонска државјанка Сашка Стојановска и понатаму е задржана во полициската станица во Улцињ, откако завчера беше уапсена под сомнение дека со автомобил усмртила куче. По објавувањето на снимката од настанот на социјалните мрежи, црногорската полиција соопшти дека таа била приведена при обид да ја напушти државата. Според полицијата, по пријавата веднаш биле преземени оперативни мерки, по што …
Continue Reading
(Видео) Страшно невреме во Русија, ветер корнеше дрвја, едно лице загина
Едно лице загина, а 13 се повредени во силното невреме што го зафати рускиот град Ростов на Дон, соопштија локалните власти. Силниот ветер, кој го погоди градот во саботата, корнеше дрвја, уриваше далноводи и предизвика значителна материјална штета на повеќе локации. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скриабин, информираше дека седум од повредените се хоспитализирани. „За жал, невремето не донесе …
Continue Reading
(Видео) Пожарот кај Мадрид сè уште беснее
Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на големиот шумски пожар кај Мадрид под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме максимални напори за да ги заштитиме објектите, домовите и населените места во ова подрачје. На терен работиме непрекинато сите овие часови“, изјави Франсиско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. оворејќи од командниот центар во Навалкарнеро, …
Continue Reading
Трамп: Ако не добиеме сè што сакаме, можна е голема војна со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека размислува за целосна војна со Иран „доколку не добиеме 100 проценти од она што го сакаме“. Во интервју за францускиот канал LCI, тој потврди дека ќе се врати на воен конфликт доколку американските барања не бидат целосно исполнети. Трамп вчера ѝ наредил на американската војска да ги прекине нападите врз Иран, со што …
Continue Reading
Доцнат решенијата за данок на имот во Скопје
Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа …
Continue Reading
Од 1 август, најпознатите историски знаменитости во Рим и Милано ќе работат до доцна навечер
Од 1 август, најпознатите историски знаменитости во Рим и Милано ќе работат до доцна навечер, со цел посетителите полесно да ги разгледуваат за време на летните горештини. Мерката е дел од заеднички проект на италијанските министерства за култура и туризам, чија цел е културното наследство да стане подостапно за туристите и граѓаните, особено во вечерните часови, кога температурите се пониски. …
Continue Reading
Гужва на ГП Богородица, за излез се чека до 30 минути
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.
Continue Reading
Денес сончево и топло со температура до 35 степени
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во …
Continue Reading