35-годишник од Студеничани почина во Клинички по струен удар
Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на 56-годишниот А.С., дошол 35-годишниот Х.Б. од село Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. …
Continue Reading
Meѓународната конференција за ревизија во Охрид во фокусот на AI, етиката и новите ризици
На 15 и 16 септември 2026 година, во хотел „Метропол“ во Охрид, се одржа Годишната меѓународна конференција за ревизија 2026, која обединува професионалци од областа на внатрешната и надворешната ревизија, управувањето со ризици, усогласеноста, сметководството и корпоративното управување. Конференцијата е организирана од Здружението за внатрешни ревизори и Институтот за овластени ревизори, како продолжение на нивната долгогодишна соработка. Под мотото „Ехото …
Continue Reading
И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода
Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со „Киноверзум“, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по …
Continue Reading
ВЛЕН: Ветувањето за стадионот на ФК Башкими станува реалност
„Спортот е една од областите во кои инвестирањето во инфраструктурата директно создава нови можности за децата и младите. Во таа насока, во Куманово официјално започнаа градежните работи за целосна реконструкција на помошниот стадион на ФК Башкими, проект кој две децении беше ветуван, но досега остануваше само на хартија“, велат од ВЛЕН. „Со започнувањето на работите, ова ветување се претвора во …
Continue Reading
HYUNDAI станува официјален партнер на UEFA Champions League
Hyundai Motor Company станува официјален автомобилски партнер на UEFA Champions League, во рамки на повеќегодишно партнерство кое започнува со сезоната 2026/27 и ќе трае до крајот на сезоната 2030/31. Со ова партнерство, Hyundai го продолжува своето речиси 30-годишно присуство во светот на фудбалот и ја проширува својата поддршка кон највисокото ниво на европскиот клупски фудбал. UEFA Champions League, која ги …
Continue Reading
Зајакнати акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли – 1.875 прекршоци и 116 кривични пријави
Во текот на месец август 2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон прекршоците сторени од возачи на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, извести МВР. „При спроведените контроли, констатирани се вкупно 1.875 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на …
Continue Reading
(Фото) Мисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпо
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше во Касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, во увид на градежните активности за целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање во рамки на касарната. При денешната посета, министерот во разговор со вработените посочи дека активно се работи на реализација на зацртаните цели и дека инвестициите кои се прават во делот на …
Continue Reading
Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини во општина Центар
Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа. Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се …
Continue Reading
Северна Кореја: Американско вооружување го оправдува зајакнувањето на нуклеарните сили
Заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил, денес изјави дека американското вооружување ги оправдува напорите на Пјонгјанг да ги зајакне своите нуклеарни сили. „Континуираното нуклеарно зајакнување на непријателските држави целосно ја оправдува изградбата на цврст нуклеарен штит на Демократска Народна Република Кореја“, рече Ким. Зборувајќи на Шангајскиот форум во Пекинг, еден од најважните меѓународни собири посветени на безбедноста …
Continue Reading