Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово, Јанев: Кога резултатите изостануваат, следува одговорност

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка. По 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни …

Continue Reading

Продолжува проектот Битола-велоград

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска најави продолжување на проектот Битола-велоград. „Сакам да Ве информирам дека продолжуваме со изградба на нови велосипедски патеки во Битола. Досегашните пет километри на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ ги надградуваме со уште над 2 километри велосипедски патеки во поранешната касарна. Од другата страна се работи на проектна документација за изградба на велопатеки од едната …

Continue Reading

(Видео) Големо невреме во Шпанија, еден загинат; летовите се откажани

Едно лице загина во силното невреме што ги зафати областите околу Барселона и Валенсија на шпанското средоземноморско крајбрежје, предизвикувајќи поплави и прекини во сообраќајот. Според извештаите на пожарникарите, еден маж бил однесен од водата заедно со својот автомобил додека се обидувал да помине преку поток, кој вообичаено е мал, во близина на Оливеља, југозападно од Барселона. Heavy rain and flash …

Continue Reading

Гаши во работна посета на Кичево: со градоначалникот разговарано за актуелните прашања и приоритети на градот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска престојуваше во работна посета на Општина Кичево, каде оствари средба со градоначалникот, д-р Александар Јовановски. На средбата се разговараше за актуелните прашања и приоритети на граѓаните на Кичево, како и за унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и државните институции. Во рамки на посетата, претседателот Гаши присуствуваше и на отворањето …

Continue Reading

Крводарителска акција во ЗОО Скопје на 19 септември

Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош, во соработка со Зоолошка градина Скопје, организира крводарителска акција која ќе се одржи во сабота, 19 септември 2026 година, во Едукативниот центар на ЗОО Скопје. Акцијата ќе се одвива во периодот од 11:00 до 18:00 часот, а целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста меѓу граѓаните и да се даде …

Continue Reading

„Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина“, велат од ЗНАМ

„Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати. ​Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура“, велат од ЗНАМ. „​Парите кои би се собрале од комуналиите …

Continue Reading

Ферати-Вал: Фокус на дијалогот меѓу заедниците и спречувањето на насилството

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. На почетокот на средбата, министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот Вал за поддршката што ОБСЕ ќе му ја обезбеди на Министерството, со пет тематски експерти и еден водечки експерт, со цел да се даде поддршка во изработката на Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената …

Continue Reading

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова беше истакнато на денешната средба …

Continue Reading

„Федра – Антропологија на една желба“: Дино Мустафиќ ги судира Расин и Сара Кејн во една театарска вечер

Драмски театар Скопје на 19 септември, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе го изведе диптихот „Федра – Антропологија на една желба“, во режија на Дино Мустафиќ, театарски проект што во една вечер ги соочува „Федра“ на Жан Расин и „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн. Две драми што ги делат векови, јазик и поетика се среќаваат околу истата човечка …

Continue Reading