Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. „Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната стабилност. …
Continue Reading
Автобус на ЈСП се запалил во движење: возачот го изгаснал пожарот
Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата, прашува СДСМ
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете …
Continue Reading
Уапсен 24-годишник во Кисела Вода: физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга
Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот М.С., постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Со возило излетал од булевар во Тетово и прегазил 67-годишник: мажот со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди …
Continue Reading
Мајка пријавила обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка: 25-годишникот од Скопско вели дека се во љубовна врска
Денеска во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 25-годишниот А.С. од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе …
Continue Reading
Во рудникот „Суводол“ пронајдена граната од Првата светска војна
Вчера во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, 50-годишниот Љ.М. од село Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна.
Continue Reading
Уапсен 15-годишен скопјанец: полицијата пронајде марихуана кај него
Денеска во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Ферати-Лосон: Безбедноста, меѓуинституционалната соработка и зајакнувањето на младите се наш приоритет
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји. Значаен дел од разговорот беше посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и регионот, имајќи ја предвид важноста на стабилноста и општествената кохезија за …
Continue Reading