Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во овие моменти на голема загуба, мислите и молитвите на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ се со семејствата на загинатите, со нивните најблиски и со сите погодени од оваа катастрофа. …

Continue Reading

Објавени списоци на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката во Кочани во скопските болници.   Список од „8 Септеври“: Список од Клинички центар:

Continue Reading

Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани. „Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, …

Continue Reading

Агелер изрази сочувство за настраданите во Кочани

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош. „Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата …

Continue Reading

Мицкоски: Владата е целосно мобилизирана, ги повикувам сите надлежни институции да преземат итни мерки за помош на повредените

Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со …

Continue Reading

Тошковски: Најмалку 51 лице загина во пожарот во кочанската дискотека, има приведени

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти детали за страшната трагедија во Кочани. Тошковски кажа дека бројката на загинати изнеснува најмалку 51 лице. Тој вели дека според првите информации, пожарот настанал од искри кои потоа го зафатиле таванот кој бил од лесно запалива материја. Министерот вели дека се приведени лица.

Continue Reading

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија. „Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора …

Continue Reading

ЛДП: Тажен ден за Македонија – изразуваме искрено сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани и бараме одговори за причините

ЛДП изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите по страшниот пожар кој се случи во кочанска дискотека. „Либерално-демократската партија е во шок и неверување и изразува жалење и сочувство до семејствата и блиските на настраданите по страшниот пожар, кој ноќта помеѓу сабота и недела (15 и 16 март) го зафати клубот „Пулс“ во Кочани. Македонија навистина не памети ваква …

Continue Reading

АВМУ: Медиумите да бидат внимателни во известувањето за трагедијата во Кочани

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од …

Continue Reading