Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа. Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно. Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок …

Continue Reading

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со нив на територијата на градовите Кочани и Штип. „Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и …

Continue Reading

Ученик со лисици врзал соучесник во Велес и му вперил пластичен пиштол

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол. Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници. За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде …

Continue Reading

Ница ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер вечерва ја погоди областа во близина на францускиот град Ница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на 16 километри северно од Ница, каде живеат околу 340.000 жители, додава EMSC. Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.

Continue Reading

Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Со 16 минути молк, солзи во очите, наведнати глави и огромна тага почна собирот во Скопје, по трагедијата со настраданите во пожарот во Кочани. Молкот од 16 минути, симболично го означи 16 март – датум кој со црни букви ќе остане врежан во колективната меморија, кога се случи пожарот кој однесе 59 животи, а со поврди се здобија 190 луѓе …

Continue Reading

Путин ги стопира нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена

Рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура. Руските медиуми јавуваат дека по разговорот со Доналд Трамп, Путин и наредил на војската да ги запре нападите врз овие цели на 30 дена. Кремљ објави дека Путин и Трамп изразиле заеднички интерес за „нормализација на односите“ меѓу САД и Русија, а договорена е и размена …

Continue Reading

Беќаровски за пациентите на Токсикологија: Млади страдалници раскажуваат како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, а нам солзи ни навираат

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук посочи дека на Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади лица повредени од пожарот во дискотеката во Кочани кои раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените.   „На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади страдалници од хоророт кој го доживеаа во таканаречениот кабаре бар. Од една …

Continue Reading

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Здружението на тенисери (PTPA), основано од Новак Ѓоковиќ, покрена правна постапка против управните тениски тела. Документите беа поднесени во Окружниот суд на САД во Њујорк. Во тужбата на 163 страници, меѓу другото, се вели дека „професионалните тенисери се заробени во наместена игра“ што им дава „ограничена контрола врз нивните сопствени кариери и брендови“. Се критикува распоредот, системот на рангирање и …

Continue Reading

Митева: Ќе се обезбедат 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на семејствата на повредените

На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се 22 на број …

Continue Reading