Медицинската рехабилитација кај пациенти со тешки изгореници може да ја извршува само специјализиран медицински кадар, апелира министерството за здравство

Министерството за здравство преку соопштение jа нагласува целосната посветеност кон обезбедување на најдобрата можна здравствена грижа за повредените лица по трагедијата во Кочани. „Во однос на третманот на повредените, истакнуваме дека здравствениот систем располага со соодветни капацитети и стручен медицински кадар, подготвен да одговори на потребите за итна медицинска нега, рехабилитација и долгорочна физиотерапија. Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со …

Continue Reading

Притвор за Ејуп Рустеми за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“, под истрага уште неколку лица

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, …

Continue Reading

НАБАВЕНА Е НОВА ОПРЕМА ЗА ЗАНИМАЛНИТЕ ВО ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“

Со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве е набавена нова опрема за занималните. Опремата се состои од 37 детски масички од буково дрво за деца од 2 до 6 години, 100 детски дрвени, анатомски столчиња за деца и 95 детски душеци од 100% памучен материјал. Во текот на оваа година ќе …

Continue Reading

Македонскиот народен театар на „Стериино позорје“, Нови Сад

Македонскиот народен театар со особена чест ја прими веста за селекцијата за учество на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад. На денешната прес-конференција, 25 март, во 12:00 часот, од страна на д-р Ана Тасиќ – селектор, д-р Мирослав Радоњиќ – директор на „Стериино позорје“ и Горан Ибрајтер – извршен директор на „Стериино позорје“, беа соопштени селектираните театарски куќи и претстави. Во …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Таткото на Родриго преговара со Манчестер сити

Манчестер сити не се откажува од фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго. Медиумите на Принејскиот полуостров трврдат дека клубот започнал преговори со луѓето блиски до крилниот напаѓач. Бразилецот повеќепати јавно изјави дека сака да остане во Реал, но тоа не ги спречи Манчестер сити и Ливерпул да продолжат да покажуваат интерес. Родриго наводно ја одбил понудата на Сити минатото лето. Сето …

Continue Reading

Ердоган: Ќе зажалите за ова

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нападна опозицијата по неколкудневните протести, обвинувајќи ја за поттикнување насилство и дестабилизација на земјата. Ердоган ги опиша демонстрациите како оркестрирано шоу, ветувајќи дека одговорните на крајот ќе се соочат со правдата и ќе се каат за своите постапки. Настапот на опозицијата ќе заврши и тие ќе се срамат од штетата што и ја нанесоа …

Continue Reading

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица

Денес Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За …

Continue Reading

Лавров: Западот сака да ја „заузда“ Русија, Наполеон и Хитлер веќе го пробаа тоа

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека желбата на Западот е да ја „заузда“ Русија, што подразбира желба за нејзин стратешки пораз, а тоа, според него, е слично на намерите на францускиот император Наполеон Бонапарта и германскиот канцелар Адолф Хитлер, кои за време на нивното владеење се обидоа да ја освојат Европа. „Тоа е истата желба што …

Continue Reading

Поради трагичниот настан во Кочани, МНТ го одложи спектаклот „Сонцето, колку е блиску сонцето!, Made in MNT“ за наесен

Македонскиот народен театар соопшти дека поради трагичниот настан во Кочани, закажаниот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето!, Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски, што требаше да се одржи во четврток на 3 април, по повод одбележувањето на 80-годишнината од постоењето на оваа установа, се одложува за наесен. Како што е најавено, во чест на кревањето на црвената завеса …

Continue Reading