Продадена е топката со која беше постигнат голот познат како „Божјата рака“
Во годината, во која беа одбележани четири децении од легендарната „Божја рака“, топката со која беше постигнат еден од најпознатите и најконтроверзните голови во фудбалската историја беше продадена на аукција. Судбината ја спречи првата продажба, кога топката, чија автентичност беше доведена во прашање, не успеа да достигне ниту минимална цена од два милиони евра. Овој пат топката, која заврши во …
Continue Reading
Левица: Лицата со попреченост една година чекаат исплата од државата
Владата на ДПМНЕ повторно остава уште една категорија граѓани на цедило. До Левица стигнуваат дојави од лица со попреченост кои самостојно работат и веќе една година чекаат исплата на средствата што им се должат. Последната исплата била за јули 2025 година, исплатена дури во јануари 2026 година. Оттогаш нема нова исплата, иако луѓето продолжуваат да работат и редовно да ги …
Continue Reading
Муцунски во дводневна посета на Израел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во посета на Државата Израел. Во рамките на посетата, предвидено е министерот Муцунски да оствари средба и разговори со својот израелски колега, министерот за надворешни работи, Гидеон Саар (Gideon Sa’ar). Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочувањето на …
Continue Reading
Една од најотровните скорпии касна патник на аеродромот во Диселдорф
52-годишна патничка била касната од скорпија скриена во нејзината јакна на аеродромот во Диселдорф, соопштија пожарникарите. Инцидентот се случил во петокот, а жената пристигнала во Диселдорф од Грција, од островот Кос. Жената била пренесена во болница на лекување. Повикан бил експерт за влекачи од противпожарната служба во Диселдорф, кој ја фатил скорпијата. Експертот утврдил дека станува збор за палестинска жолта …
Continue Reading
Манчестер Јунајтед заинтересиран за Алехандро Балде
Алехандро Балде сака да ја напушти Барселона, а Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот трансфер. Шпанскиот лев бек наводно не е убеден дека има сигурна иднина на Камп Ноу, особено по доаѓањето на Жоао Кансело. Според информации од Шпанија, агентот на Балде, Жорге Мендеш, веќе работи на наоѓање нов клуб, а Манчестер Јунајтед се појавува како сериозна опција. Англискиот клуб …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: 2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци, Македонија станува сe подобро поврзана со Европа и светот
Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, …
Continue Reading
Унаи Емери: Прашајте го Воткинс зошто не играше
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не го криеше своето незадоволство откако Оли Воткинс не настапи во тешкиот пораз од 4:0 против Брајтон во неделата и сугерираше дека напаѓачот одбил да игра. Вила имаше проблеми со напаѓачите поради повредите на Брајан Маџ и Тами Абрахам, но Воткинс сепак беше изоставен од составот додека разгледуваше понуда од Саудиски Ал-Хилал. Поради недостаток …
Continue Reading
(Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа
Стотици луѓе се собираат пред планинска колиба во италијанските Доломити. Тие се привлечени не само од панорамскиот поглед, туку и од потрагата по кремаст десерт. Според снимките што кружат на социјалните мрежи, посетителите се собираат пред колибата „Фридрих Август“, која се наоѓа на 2.300 метри надморска височина. Некои од нив, наводно се разбудиле во зори или кампувале преку ноќ за …
Continue Reading
Европа ја зголемува воената помош за Украина
Европската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за Украина за купување нови одбранбени системи. Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари, објави „Ројтерс“. Овој нов пакет помош се надоврзува на претходно одобрените 16 милијарди евра за купување опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра. „Додека Русија ги засилува своите напади, преземаме …
Continue Reading