Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“. Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела. Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата. Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон …

Continue Reading

Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира крводарителска акција на 30 април со која ќе го одбележи 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава. „На 30 април 2025 во терминот од 08:00 до 14:00 часот драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје …

Continue Reading

Викендов облачно време со дожд

Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информира УХРМ. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Continue Reading

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое се однесуваше на страшната трагедија во Кочани, која однесе 62 млади животи и над 100 повредени. Според него, за несреќата се води селективна истрагата и се штитат актуелни функционери. „После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај …

Continue Reading

Локалните избори треба да се распишат во јули или август

Кон крајот на јули или почетокот на август треба да бидат распишани локалните избори, брифираше претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во врска со интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица, Гаши информираше дека се очекува да биде ставена на следната пленарна седница, на 29 април, како прва точка на дневниот ред.

Continue Reading

Менталното здравје – најчест проблем на младите кои побарале помош на „Ало Бушавко“

Во 2024 година, на телефонската линија за деца и млади Ало Бушавко која функционира 24 часа, најмногу деца кои се јавиле се пожалиле дека имаат проблем е менталното здравје. Од Меѓаши велат дека во споредба со 2023 година, се забележува константност во бројот на повици, со благо зголемување на процентот на проблеми поврзани со менталното здравје. Додека во 2023 година …

Continue Reading

Во текот на вчерашниот ден санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем

Вчера во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози, извести МВР. Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, …

Continue Reading

Шведски новинар се соочува со 12 години затвор поради навреда на Ердоган

Шведскиот новинар Јоаким Медин може да биде осуден на 12 години затвор во Турција под обвинение за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган и наводна поврзаност со терористичка организација, објави шведскиот весник „Дагенс ЕТЦ“, за кој работи Медин. Медин беше уапсен минатиот месец по пристигнувањето во Турција, каде што требаше да известува за протестите што избувнаа по приведувањето на градоначалникот …

Continue Reading

Ал Наср нуди 100 милиони евра за ѕвездата на Вест Хем

Ал Наср, клуб во кој прва ѕвезда е ветеранот Кристијано Роналдо, во последните години докажа дека не штеди пари, демонстрирајќи голема финансиска моќ. Во летниот преоден рок, со 100 милиони евра ќе тргнат во офанзива по потписот на фудбалерот на Вест Хем, Мухамед Кудс. „Чеканите“ најверојатно ќе ја прифатат понудата за 24-годишниот репрезентативец на Гана, кој има договор со клубот …

Continue Reading