Кривична за тројца полицајци од Кочани поради злоупотреба на службената положба, а во врска со дискотеката „Пулс“

Полицијата поднесе кривична пријава против тројца полициски службеници со иницијали К.Б., Г.Л. и А.Т. поради злоупотреба на службената положба, а во врска со дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од МВР велат дека првопријавениот К.Б., како помлад инспектор-водич на безбедносен реон во Полициската станица Кочани на 7 октомври пред две години, и второпријавениот Г.Л. како инспектор за прифат-сменоводител во Полициската станица Кочани …

Continue Reading

Се одржа Јавна презентација на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за периодот 2025 -2029 година

Денеска во салата на Советот на општина Струмица се одржа  Јавната презентација и Јавната расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица за периодот 2025 -2029 година. Планот го изготви Центарот за климатски промени во рамките на проектот   „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република …

Continue Reading

Скопјанец со мотор удри во 10-годишно девојче на Џон Кенеди

Денеска (25.04.2025) полициски службеници го лишија од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче. Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен …

Continue Reading

Се огласи антикорупциската комисија: „Продолжуваме редовно да функционираме“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се огласи по вклученоста на нивната претседателка, Татјана Димитровска, како осомничена во истрагата за случајот „Адитив“. Од ДКСК велат дека во рамки на своите надлежности, продолжуваат да функционираат редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. „Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со …

Continue Reading

Пукање на Бит Пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит Пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“. На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош. Повреденото лице е пренесено на ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот биле најдени повеќе чаури, а засега нема официјални информации за …

Continue Reading

Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори

СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија – како за редовните локални избори, така и за евентуални предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Како што информираше, процесите во рамките на партијата во поглед на локалните избори веќе се во тек – се спроведуваат внатрепартиски анкети во повеќе општини, се одвиваат разговори на различни нивоа, и …

Continue Reading

СТАРТУВА СТАРТАП ВИКЕНД ОХРИД 2025

Од денеска до 27-ми април, Охрид повторно ќе биде домаќин на најинспиративниот настан за млади претприемачи – Startup Weekend Ohrid 2025! Во текот на интензивни 54 часа, 12 тимови ќе работат на развој на свои бизнис идеи, ќе креираат стартапи од нула, ќе добијат менторска поддршка од 20 докажани професионалци, и ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири составено …

Continue Reading

Филипче: Владината коалиција е нефункционална

Тоа што се случува во владината коалиција укажува на тоа дека таа е нестабилна и не функционира добро. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче како одговор на новинарски прашања во однос актуелните случувањата во владината коалиција. „Во краток временски период јавноста е сведок на дијаметрално спротивни изјави во однос на можноста за предвремени избори, што го ставам во …

Continue Reading

Гаши-Ибрахимовиќ: Северна Македонија и Црна Гора негуваат братски односи и заеднички стремеж кон ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Ервин Ибрахимовиќ, потпретседател на Владата на Црна Гора за меѓународни односи и министер за надворешни работи, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, и пратениците Мерита Колачи Коџаџику, Илир Демири и Оливер Спасовски. Процесите за интеграција во Европската Унија на двете …

Continue Reading