Зеленски: Подготвени сме на се’ утре во Турција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерашно обраќање рече дека Украина е подготвена за секаков формат на мировни преговори и дека не се плаши од средби или разговори. „Подготвени сме за секаков формат на преговори и не се плашиме од средби. Утре – во Турција“, рече Зеленски. Тој додаде дека се уште чека потврда за тоа кој ќе дојде од …

Continue Reading

Трамп за преговорите во Истанбул: Ги оставам сите опции отворени до последен момент

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги остава отворени сите опции до последен момент кога станува збор за тоа дали ќе отпатува на евентуалната средба утре меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски во Истанбул. Трамп денеска, на маргините на своето патување во Заливот, рече дека Путин би сакал тој да биде таму и дека тоа е …

Continue Reading

Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Полицијата го приведе М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во селото Ракитница, Демирхисарско . Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена …

Continue Reading

Бебе најдено во црна кеса покрај контејнер во Атина, мајката пријавила дека било киднапирано

Бебе старо околу три месеци било пронајдено во црна кеса покрај контејнер околу 17 часот во Атина. Се почнало кога мајка пријавила во полиција околу 15.00 часот. дека непознат маж и ја киднапирал ќерката во супермаркет во центарот на Атина. Според нејзините зборови, мажот пришол и рекол дека сака да купи нешто за детето, а потоа и го одзел бебето, …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Карен Пирс, специјална пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, чија посета ја оцени како јасен показател за британската заинтересираност и посветеност на Западен Балкан. Според неа, оценувањето на напредокот треба да биде меритократско, со фокус на исполнувањето на копенхагенските критериуми. Таа укажа на деструктивноста на билатерализацијата на преговарачкиот процес под закана со вето. …

Continue Reading

Објавена нова анкета за популарноста на Зеленски во Украина

Довербата на украинските граѓани во претседателот Володимир Зеленски се зголеми од 69 отсто во март на 74 отсто во првата половина на мај, покажува новото истражување објавено денеска од Киевскиот меѓународен институт за социологија (КИИС), пишува Киев Индепендент. Ова е највисокото ниво на доверба забележано од КИИС од декември 2023 година, кога 77 отсто од испитаниците го поддржаа Зеленски. Анкетата …

Continue Reading

Трамп потпиша договори со Катар вредни милијарди долари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и катарскиот емир шеикот, Тамим бин Хамад ал-Тани, потпишаа серија договори во Доха, за време на вториот ден од четиридневната турнеја на Трамп низ земјите од Персискиот Залив. Според соопштението на Белата куќа, потпишани се договори кои треба да генерираат „економска размена во вредност од најмалку 1,2 трилиони долари“, додека конкретните билатерални зделки се проценуваат на …

Continue Reading

Филипче: Не можам да најдам разумно решение зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување. Ова беше можент на одговороност и зрелост, а не за политички инает, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по денешната собраниска седница. „Од првиот ден по трагедијата во Кочани, …

Continue Reading

Менаџерот на Винисиус го уценува Реал

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, од неколку причини, сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид. Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште не е постигнат договор. Менаџерот на Винисиус, Фредерико Пења, дал понуда која Флорентино Перез ја оценил како неприфатлива. Пења за својот клиент бара годишна плата од 30 милиони …

Continue Reading