Прваците во фудбал од СОУ „Ј. Јосифовски“ на прием кај градоначалникот Сарамандов

По повод постигнатиот успех- освоено прво место на Државното првенство во фудбал за средни училишта, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со членовите на победничката екипа од СОУ „Јосиф Јосифовски“, предводена од професорот по спорт и водач на тимот, Никола Караколев. На приемот, градоначалникот им честиташе на учениците за големиот успех, со кој достојно го претставија своето училиште …

Continue Reading

Францускиот јазик ќе се изучува како изборен предмет во петто одделение во училиштата каде има интерес

Основните училишта од следната учебна година ќе имаат можност да го воведат францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку кај учениците постои интерес за негово изучување. Ова е предвидено во анексот на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Француската амбасада, што денеска го потпишаа министерката Весна Јаневска и амбасадорот Кристоф Ле Риголер. За министерката …

Continue Reading

Втора јавна дебата за избор на нов Карневалски одбор ќе се одржи утре во Младинскиот центар

Утре ќе се одржи втората дебата за избор на новиот Карневалски одбор По првата јавна дебата којашто се одржа на 14.05.2025 година и на која се разговараше за формата, критериумите и поставеноста на новиот Карневалски одбор за кои беа понудени креативни решенија, за утре 28.05.2025 година е закажана втората дебата којашто ќе се одржи во Младинскиот центар со почеток во …

Continue Reading

Изнајмување електричен автомобил ќе чини 22 денари по километар и 5 денари по минута, Божиновска и Меџити направија сефте возење

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари по километар додека вози и 5 денари по минута додека стои. Словенечката компанија „Авант кар“ ја донесе услугата во Скопје и за почеток стави на располагање 100 електрични автомобили за кои обезбеди посебни паркинзи. Сефте возење денес промотивно направија министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за …

Continue Reading

Арнаутовиќ: Само Бог знае дали ќе останам во Интер

Интер ги одбројува деновите до финалето на Лигата на шампионите, во кое „нероаѕурите“ ќе играат против Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во сабота од 21 часот. И додека возбудата кај навивачите на Интер расте, во исто време навивачите на Црвена звезда се надеваат дека финалето на Лигата на шампионите би можело да биде последниот натпревар во дресот на италијанскиот …

Continue Reading

Лавров: Одобрувањето на украинските напади од долг дострел е договорено одамна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, коментира дека изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за одобрување на украинските напади врз Русија со европско оружје со долг дострел укажуваат на тоа дека одлуката да се дозволат такви напади е донесена многу одамна. Мерц еден ден претходно рече дека повеќе нема никакви ограничувања за дострелот на оружјето што и го доставуваат …

Continue Reading

Спасовден 2025: Перформанс на „Мистик“ и Концерт „Трибјут на Џанго Рајнхарт“

            Чествувањето на Св. Спас- заштитникот на градот Гевгелија во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ продолжува со Концерт „Трибјут на Џанго Рајнхарт“.             Утре (28 мај 2025 година), на Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток во 20:30 часот, ќе настапи квартетот во состав на највиртуозните џез-музичари во Македонија- м-р Филип Динев, м-р професор Иван Иванов, …

Continue Reading

Матура еден ден – финансиска слобода засекогаш

Водич за матуранти кои знаат што сакаат Поминаа сите тестови, сите стресови околу матурската вечер, фотографирањата и прашањата „а што понатаму?“. Официјално завршува едно поглавје, но она што следи е уште поважно – самостојност. Моментот кога ќе почнете да носите одлуки за себе, за своето време, за своите пари – е почеток на зрелоста. И колку и да изгледа предизвикувачки, …

Continue Reading

Со нов инвестициски циклус „ТИТАН Усје“ го одбележува 70-годишниот јубилеј

Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, „ТИТАН Усје“ ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50 милиони евра, со што дополнително ќе се поттикне развојот. Како дел од интернационалната групација Титан, компанијата ги …

Continue Reading