Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка

Во просториите на Народната банка денеска се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на Анита Ангеловска-Бежоска и започна мандатот на новоизбраниот гувернер, Трајко Славески.   Во своето обраќање, Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. Таа изрази …

Continue Reading

Отворена Годишната изложба на ДЛУГ

Во уметничката галерија „Амам“, вчеравечер (29 мај 2025 година), во рамки на чествувањето на Св. Спас и програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, беше отворена традиционалната Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. За жал, годинешната изложба беше посветена на Сотир Хаџи-Николов, чиј живот згасна пред нејзиното отворање. Со едноминутно молчење, неговите колеги од НУ …

Continue Reading

СДСМ Прилеп: И по пет месеци, сѐ уште нема распределба на парите за спортските клубови

И после 5 месеци од распишаниот јавен повик за доделување средства од општинскиот буџет за финансирање на спортски клубови, здруженија и фондации, Општина Прилеп сѐ уште нема извршено распределба на парите, обвини Душко Стојсављевиќ, член на Комисијата за спорт на СДСМ. „Градоначалникот Јовчески и мнозинството во Советот предводено од ДПМНЕ останаа „глуви“ на апелот на здруженијата и клубовите за распределба на …

Continue Reading

Премиера на претставата „Кататонија“ во МНТ

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. …

Continue Reading

Аргентинскиот суд го поништи судењето за смртта на Марадона

Аргентински суд во Буенос Аирес го поништи судењето на кое се одлучуваше за вината на тимот лекари кои се грижеа за легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во ноември 2020 година. Судењето беше откажано бидејќи еден од тројцата судии од овој случај поднесе оставка, а причината беше притисокот што го чувствуваше поради учеството во документарен филм за смртта на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ, не е само политичко и економско, туку и безбедносно прашање

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Меѓународниот Астана форум, Казахстан оствари средби со Бан Ки Мун, поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген поранешен претседавач со Минхенската безбедносна конференција, како и со Фелипе Полие, помошник генерален секретар на ЕУ за младински прашања. На средбата со Бан Ки …

Continue Reading

Заврши истрагата за пожарот во „Пулс“, обезбедени огромен број докази

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во истражната постапка постапуваа …

Continue Reading

Изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон во Музејот на современата уметност

На 3 јуни со почеток во 18 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон. Ова е прва самостојна изложба во нашата земја на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, добитник на Turner Prize (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007). Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика …

Continue Reading

Минчев: Јавната администрација мора да се темели на знаење, стандард и визија

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на тркалезната маса по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Асоцијацијата на менаџмент консултантите на Македонија – МКА 2000. Настанот се одржа во Скопје, а на него присуствуваа претставници од ЕУ Делегација, од јавниот и приватниот сектор, CMC лиценцирани консултанти, партнери и соработници. Во своето излагање, министерот Минчев ја нагласи …

Continue Reading